Alternativna Medicina Roza Kanina trevar Naume Petkovski Resen

Your cart




Вашата Корпа моментално е празна.

   

Left direction
Чајна мешавина
Чајна мешавина
Чај против дебелина како појава и болест
Чај против дебелина како појава и болест
Чај против болести на органите за мокрење
Чај против болести на органите за мокрење
Чај против болести на женските полови органи
Чај против болести на женските полови органи
Чај од коприва
Чај од коприва
Чај за жолчни и црнодробни болести
Чај за жолчни и црнодробни болести
ТИНКТУРА
ТИНКТУРА
Медовина
Медовина
МAЦЕРАТ
МAЦЕРАТ
КИСЕЛИНА ОД ДИВИ ЈАБОЛКА
КИСЕЛИНА ОД ДИВИ ЈАБОЛКА
КАНТАРИОНОВА МАСТ
КАНТАРИОНОВА МАСТ
Right direction
Вие сте овде: Дома
Rosa Canina
Вовед во Алтернативна медицина PDF Print E-mail
There are no translations available.

Добредојдовте на официјалната страница на Роза Канина ДООЕЛ Ресен Тревар Науме Петковски


На оваа страница ќе најдете решенија за различни заболувања и пореметувања со користење на природни хербални производи кои се направени врз основа на традиција и големо искуство. Нашите производи се природни, безопасни не ствараат контраиндикации, и можат да бидат примани заедно со други лекарства. Нашите производи се патентирани и атестирани.
Тука ќе најдете природни решенија за голем број на заболувања и пореметувања. Нашите методи се базирани на чаеви и комбинации од лековите растенија со пропишани соодветни режими на исхрана. Со нашите комплетни терапии можете да ги решите покрај заболувањата и самите причини кои ги предизвикуваат тие заболувања. Нашата цел е да им помогнеме на луѓето да си помогнат за лекување на нивните заболувања на ефикасен начин. Чајните комбинации се безопасни, не ствараат контраиндикации со ниедно лекарство и можат да бидат земани и со други лекарства.
Комплетното решавање на определено заболување зависи од дијагнозата и, дисциплината за придржување до пропишаните правила, и може да трае од 7 до 42 дена. За сложени и тешки заболување терапијата може да трае и до 120 дена. Решавањето на заболувањата се трајни и без рецидив односно неможност за нивно повторување од причини што покрај проблемот се решаваат и причините за создавање на истите.

В О В Е Д


1.    Алтернативната медицина – треварството е еден од повеќето пристапи во  решавањето на здравствените проблеми, каде што се помага по исклучиво природен пат. Треварството ги решава здравствениte проблеми со помош на лековити тревки, во форма на чаеви, чајни мешавини и препарати добиени од  делови од лековити тревки во посебни постапки во форма на Мацерати, Тинктури медовини, Вина – медикаменти  слично. При ваквиот начин  на лекување ,  организмот    го зема само она што му е потребно од компонентите од лековитите тревки , а другото go  исфрла преку органите за мокрење без  да се задржува во организмот, и без да представува потенцијален проблем. Со примена на ваквиот начин на лекување и почитување на правилата, се врши целосно чистење или   „детоксикација“  на организмот, при што се отстрануваат отровите и штетните материи, од сите органи во организмот при што после самиот организам си ги средува сопствените проблеми. Со ваквиот начин на лекување се отстрануваат  „причинителите“   кои довеле до проблемот, пореметувањата , се средува организмот и неговите органи и системи решенијата на ваков начин решенијата на заболувањата се потрајни и се оневозможува – „рецидивноста“  на проблемот.  Дури и  потешките здравствени проблеми се решливи, али доколку се почитуваат сите правила , во спротивно проблемот не може да се реши, но притоа не се прави никаква штета на организмот. Овој пристап овозможува брз прием на лековитите состојки во организмот, нивно разградување и брзо отстранување од организмот на она што е непотребно , со што нема никакво оптеретување  на органите и организмот.


2.    Кај треварството најважно од се е  квалитетот на лековитите тревки, берењето, сушењето, пакувањето, чувањето и нивното  „комбинирање“, знаењето, искуството и умешноста во тоа што сакате да решавате и како тоа треба да го направите. Кај комбинирањето на чајните мешавини , многу е значајно да se знае која тревка со која се комбинира. Секоја комбинација мора да е погодена иначе се губат лековитите својства. Начинот на припрема и пред се дозирањето е изузетно битно кога треба да знаете што сакате да решите и да излечите. Со правилно комбинирање добивате огромен број на  лековити својства и дејствија (синергетски ефекти кога и незначајните ефекти се појачуваат кога се во права комбинација) и доколку се почитуваат сите правила, во догледно време се решаваат здравствените проблеми кои често пати се сметаат за нерешливи од модерната медицина.
3.     Со нашиот систем на лечење , независно од дијагнозата и од тоа кај кој орган или систем има проблем, ги решавате органските системски проблеми на „организмот” односно  го средувате организмот, го чистите целосно преку детоксикацијата, го средувате и го јакнете, што значи не се расправате со органите или  поединечниот проблем, туку со самиот организам. Чист и здрав организам многу едноставно го решава проблемот независно од тоа каде  е, на кој орган има проблем.  Често пати во комбинациите  на лековитите препарати  се среќаваат исти или слични комбинации, меѓутоа основата на решавање на проблемот оди преку организмот а не преку поединечните органи.
4.    Преспанското поднебје изобилува со квалитетни лековити тревки кои растат тука како резултат на сончевите денови и микроклиматските карактеристики на овој крај. Лековитите тревки секогаш се берат над 1.000  метри надморска висина и во најчистите предели. Oва е фамилијарна традиција  при што секогаш се внимава на квалитетот, времето на берење, сушење и комбинирањето за секогаш да биде запазен висок квалитет.
5.    Сите лековити тревки со кои работиме се неотровни , не ствараат зависност, немаат нус појави со медикаментите. Истите се проверени и се проверуваат на одредено време, во Заводот за здравствена зштита на РМ    и други соодветни институции, за да се исклучуваат можностите за несакани последици. Истите лековити тревки, се и објавени по нивните својства и карактеристики на официјалната страница на светската здравствена организација како лековити растенија со лековити својства.

6.    Треварството представува алтернативен пристап на помагање при решавање на здравствените проблеми. Исто е добро да се надополнува  и со други пристапи, како што се „хуманата”  медицина, акупунктурата, хомеопатијата и други терапии кои можат да се синхронизираат и би ги зголемиле ефектите од треварството. Треварството може да се комбинира и со традиционалната медицина каде што бис е надополнувале една со друга се со цел да се подобри организмот и да се елиминира болеста.

                                    ШТО Е ЧОВЕКОТ

7.    Према Традиционалната Кинеска Медицина (традиционална кинеска медицина), човекот се состои  од Материја (енергетски вредности заробени во човечки облик) енергија и крв (истовремено е и енергија и материја). Постојат три групи  во која е разместена виталната енергија - животна енергија -  и тоа:
7.1    Есенцијална  енергија (кинг-ки) представува конституционално вроден квантум на енергија, со која секој  човек се раѓа а ја добил од родителите. Уште  се вика - примарна, прародителска, наследна, генетска. На организмот му ја дава почетната енергија, го овозможува почетокот на животот и неговиот крај. Од неа зависи должината на животот неговиот квалитет, тоа е тоа што се нарекува судбина или „напишано“. Оваа енергија не се менува лесно. Единствено влијание на овој вид на енергијата има „сончарењето” (набљудување на сонцето при изгрев и залез кога не е јако при што може да го „наполни“ организмот со енергија, види додаток 1). Есенцијалната енергија  низ организмот се движи по 12  меридијани  – главни, 8 екстра - меридијани, поврзани со веќе познатите акупунктурните точки 365 како и  100 те екстра - точки.
7.2    Одржувачка енергија (јонг-ки) се состои од алименти, прехрамбени продукти и кислород (дигестија -респирација), и го овозможува обновувањето на енергетскиот потенцијал на организмот и неговото нормално функционирање. Одржувачката енергија е составена од нутритивната, која доаѓа од исхраната и чистата енергија која доаѓа од кислородот - дишењето. 90% од одржувачката енергија доаѓа од кислородот , a рестото од водата  и од исхраната. Квалитетот на оваа енергија е во директна зависност од чистота на воздухот - кислородот кој го дишеме, правилното дишење и правилната исхрана, која претежно e од растително потекло.
7.3    Одбрамбена енергија (веи-ки) е заштитна ,дефанзивна енергија“ и го преставува имунолошкиот систем, кој го штити организмот од агресија, инфекции, физикални фактори, храна, вируси, бактерии и слично. Оваа енергија се остварува преку крвта и лимфата, и кружи насекаде посебно под подкожното ткиво а ги поврзува и  користи и двете горе споменати  енергии.
Овие три енергии заедно ја сочинуваат виталната или животна енергија, чија основа и во најголем процент e сепак представена од  есенцијалната енергија.
ФАКТОРИ ВАЖНИ  ПРИ ЛЕЧЕЊЕТО

Во основа постојат три основни фактори, кои помагаат во решавањето на здравствените проблеми и истите мора подеднакво  да се почитуваат. Овие три фактори допринесуваат и имаат директно влијание  на  Одржувачката и Одбрамбената енергија кој заедно со Есенцијалната енергија ја сочинуваат животната енергија. Само заедничкото делување на овие фактори доведува до успех во решавањето на здравствените проблеми и продолжување на животот.
1.    Психолошки фактор - е основен и најважен фактор при решавање на здравствените проблеми. Луѓето многу често умираат од стравот од болеста одколку од самата болест. Чувството на немоќ и бессилноста е фактор кој допринесува до хранење на болеста и воедно ја намалува животната енергија и води кон сигурно пропаѓање на организмот.  Најважната работа при користењето на овој фактор е разбудување на поствеста. Дури и во денешницава користиме само 5 % од нашата подсвест  и поради незнаење и блокада од свесниот дел, ја затрупуваме нејзината моќ, и тогаш таа не се користи во решавањето на проблемот, преку само исцелување и лечење. Истовремено со затрупување на подсвеста  Есенцијалната енергија, која е во директна врска со потсвеста не може да се искористи. Поради овие причини многу е битно целото  внимание треба да биде насочено кон потсвеста, преку – медитацијата, и ментални филмови, при што треба да се исклучи  - свесноста, за да може моќната енергија и потствеста успешно да ја завршат работата. Притоа многу е битно позитивното мислење, секогаш се мисли на позитивни работи, се стреми кон тоа организмот да се наполни со позитивна енергија, за да позитивни хормони се лачат, a ензимите да му овозможат на организмот несметан проток на енергиите. Позитивното понашање и мислење го потикнува развојот на животната енергија а посебно имунитетот и успешно го решава проблемот (болеста). Постојано повторување на позитивни работи e многу битен фактор за да помогнат на позтивните мемории да се  врежат во потсвесниот дел и да се овозможи целосно дејствување на енергиите.

2.    Фактор – лечење со чаеви - Лечењето со чаеви, чајни комбинации, тинктури, мацерати, вина-медика и медовините е еден од најприкладните и најстари методи на решавањето на здравствените проблеми. Комбинирањето, квалитетот на лековитите тревки, искуствата и што сака да се постигне, се едни од најзначајните работи што се добиваат со долгогодишни искуства и традиција, и секако познавањето на треварството. Чајните комбинации секогаш се прават на основа на добиени лекарски дијагнози, а должината, начинот на примање на истите се договара со треварот. Мора да се напомене дека тревките во чаевите и чајните комбинации се 100 % природни, не ствараat навики, нема штетни дејства на организмот и нема нус - појави и кога се измешани со било  кој други лекарства.


3.    Фактор –исхрана. Овој фактор е доста значаен. Не може да решавате здравствен проблем а да јадете се и сешто. Исхраната директно влијае на Одржувачката енергија и Одбрамбената енергија. Луѓето се она што јадат. Храната треба да е лек а лекот храна. Од она што се јаде само мал дел се користи во организмот.  Тој мал (5%) но значаен дел учествува во одржувачката и одбрамбена енергија, останатото е od  воздухот (80%) и  водата (15 %). Тука ќе наведеме повеќе системи на исхрана али секогаш основно правило е – вегетаријанска исхрана со многу растителни влакна а избегнување на се што е од животинско потекло. Животинскиот свет во природата кога е болен не јаде ништо – го применува системот на гладовање со што се скратува времето на лечењето, а организмот целосно се детоксицира.

На овој линк е Упатството за припрема за сите збаолувања

 
Rosa Canina in other cities in RM PDF Print E-mail

health herbalPRODUCTS OD ROSA KANINA IN OTHER MACEDONIAN CITIES

Rosa Kanina has spread its selling net around Macedonia in order to make it easier for its customer to find the products. In the near future it will be possible for all the interested to have easy access to all of our products in order to successfully improve their health with our herbal teas and adaptation of healthy diet. Our web page has the information where can you find our products. Here you can also find the proper diet according to your blood type and instructions on how to use the teas for particular diseases and disorders.

Places where you can buy our products:

1. Nutricija- Healthy food; Skopje, Marketing Center Biser (Aerodrom) Phone: 076 467 877, Dimce

2. Gladiators 1 and Gladiators 2: Store for Healthy Food; Bitola, Bitola

3. Api center Store for healthy food Bitola; Bitola

4. VItalis1 and Vitalis 2 Prilep; Prilep Bussiness Center; Phone 048 428 027 Slavica

5. Organic Store healthy food Stip in Stip Phone 032 521 611, Nikola

6. Organika Kumanovo, Kumanovo phone 078 203 103 Suzana

7. Strumica, Strumica, phone 071 951 608, Atanas