Празна кошничка

Исхрана за крвна група О

Ловец-месојадец
Силен имунитет, роден е за водач

Генетска предодреденост – здрав дигестивен систем, силен имунитет, природна одбрана од инфекции, систем создаден за ефикасен метаболизам

Слабости –нетолерантен на промени на услови и исхрана, имунитет што може да е премногу активен и што може да се нападне себеси (најчести автоимуни заболувања)

Ризици од болести ---згрутчување на крвта, инфламаторни болести, артритис, високо тироидно ниво, чиреви , алергии, автоимуни болести (лупус, псоријази, егземи)

Профил за диета – многу протеини, месојадец, месо, риба, зеленчук и овоштие.
МНОГУ КОРИСНИ ЈАДЕЊА
( задолжително, препорачливо)
(може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 гр. nedelno), бакалар, ослич, сардина, скуша, пастрмка, лосос, белвица, харинга, гргеч, козјо сирење, ленено или маслиново масло, орев и семки од тиква, артичок, цикорија, рен, праз, кромид, магдонос, компир, спанаќ, репа, пашканат, тиква, пиперка, свежи и суви смокви, свежи и суви зелени, црвени и црни сливи, цреши, ананас.


НЕУТРАЛНИ ЈАДЕЊА
(може да се јаде)
кокошка, патка, мисирка, туна, рак, шкампи, полжав, крап, школки,оризово или сојино млеко, бадем костен, лешник , сусам, црн грав, боранија , грашок---ориз, јачмен, просо, рж----цвекло, ким, морков, целер, зелена салата, печурки, лук, краставици, тиква и домат----јаболка, боровинки, киви, круши, грозје, лубеница, банана, малина--- кајсии и праски


ШТЕТНИ ЈАДЕЊА
(не смее да се зема, забрането)
сланина, гуска, шунка, прасе, салами, паштети, колбаси, конзерви, пушено или чадено месо---- кавијар, икра, харинга, чаден лосос, октопод---млеко (обично и пастеризирано) , кашкавал, сирење, кајмак, павлака, кисело млеко, маргарин---- обични масла (од пченка, сончоглед и тиква)---- кикири и фстаци----леќа и обичен бел грав----леб од пшеница, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини---авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки----јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња,
пшеница, пченка, грав, леќа, зелка, брокула, карфиол, синап

Вежби - интензивна активност и физичка работа, борбени вештини и трчање

Додатоци на исхрана -  витамин Б, витамин К, Калциум, Јод, морски алги (омега 3)

Од она што го јадете 1/3 е за организмот останатото е за болестите

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK