Празна кошничка
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден
med_
Медовина
300,00 ден

ПСОРИЈАЗА, УПАТСТВО

ПСОРИЈАЗА
КОЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

Psoriasis vulgaris - Псоријаза вулгарис е хронички генетски детерминисана папулосквамозна дерматоза, клинички и хистолошки добро дефинирана а етиолошки и патолошки сеуште не расветлена. Псоријазата е една од најчестите дерматози чиј процент изнесува 5%. Се смета дека од 3% до 5 % од човештвото боледува од псоријаза. Зборот „псоријаза“ доаѓа од грчкиот збор „псора“ што значи фини, меки лоспи.  Покрај кожата псоријазата често ги зафаќа и ноктите.

Повеќе...

Посебни Рецепти

ПОСЕБНИ РЕЦЕПТИ

(Рецепти кои задолжително се земаат секој ден за времетраење на терапијата опишани како задолжителни согласно упатството  )

1.  Бројсов сок - се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корен или китка лисја од пашканат, 2-3 лимона, 500 грама јаболка. Сето тоа се меле на машина за месо мелење, се полива со 3 литри вода, стои 6 часа се процедува и се пие.

1.1. Бројсов сок - се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корел или китка листа пашканат, 2-3 лимона, 500 гр. јаболи, тоа се меле на соковник, а добиениот сок се разредува со чиста флаширана вода (сооднос (1 единица сок, плус 2 единици чиста флаширана вода)). Се пие 2-3 пати на ден по 150 до 200 милитри на празен желудник. Го подобрува имунитетот и серумското железо.

Повеќе...

Упатство за припрема по болести

Упатство за Болести, Чаеви и нивно користење и исхрана

БОЛЕСТИ –ЧАЕВИ—ИСХРАНА

1.     ДЕБЕЛИНА-како појава и болест

1.1.ДЕБЕЛИНАТА – се третира како појава поради лошите навики и зависноста од храна а како болест поради разни пореметувања на системите, посебно хормоналниот систем, неисправност на метаболизмот, недобро варење на храната, неможност за лачење на соодветни ензими, мрзливи црева, диспепсии, тромост, може да е последица на разни други болести и пореметувања, комбинирањата на храната, непочитување на правилата за јадење, непочитување на исхраната по крвните групи, јадење ноќе после 19,00 часот и други проблеми. ДЕБЕЛИНАТА е основен прредуслов за појава на разни заболувања и болести. Една кинеска пословица вели „ние сме она, што јадеме“ не треба да се држите за правилото „живеам за да јадам“ туку треба обратно „јадам за да живеам“ Јадењето е втор по ред „ризик“ фактор за болестите барем на него може се делува, да се контролира и да не се дозволи „организмот“да ВЕ контролира и завладува, туку обратно, Вие треба да раководите со организмот и да го терате да ве слуша и почитува.

Повеќе...

БУБРЕЖНИ БОЛЕСТИ, УПАТСТВО

УРИНАРЕН СИСТЕМ БОЛЕСТИ

БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

Kidneys diseasesРешливи се во целост со чаеви и чајни комбинации, резултатите се видни после 3-14 дена од приемот на чаевите, натамошното лекување е безболно. Може да се исфрлат и поголеми камчиња во бубрезите со нивно топење со чајни комбинации. Кога се рашаваат проблемите на бубрезите се избегнува рецидивноста на овие заболувања од причини што се решаваат и причините кои ги создале овие заболувања.

Доколку камчињата се помалечки во консултации со треварот може да се исфрлат и за 24 часа.

Повеќе...

ДЕБЕЛИНА УПАТСТВО

Упатство за спроведување на терапијата за слабеење со помош на чаеви чајни комбинации и режим на исхрана.

Условите и начинот на живеење, брзиот и динамичен живот, полн со нервози и стресови, постојана напнатост, неможноста за прилагодување на новонастанатата состојба, непочитување на природните законитости, биоритамот и друго а особено кај женскиот пол, доведуваат често пати до одредено пореметување на таканаречено дебелеење кое може да се третира и како болест и како заболување, бидејќи поставките за таква појава се секогаш врзани за одредени органски пореметувања и се последица на други случувања во организмот што може да имаат третман на болести. Ова посебно е изразито при климактеричниот синдром кај понежниот пол во времето на предклимаксниот, климаксниот и пос климаксниот период, кој период може да трае и повеќе од 10 години а може да почне и многу рано (30 тата година). Проблемот е причинет од зголемените естрогенски лачења, независно од кои причини е тоа предизвикано. Неможноста овој проблем благовремено да се разоткрие и реши често пати се прибегнува кон лажни претпоставки како што се ,,дебеелење на нервна основа, дебелеење на постојано ,,подлапнување измеѓу јадењата, дебелеење на основа на ,,домаќинлок – да не се фрла она што ќе остане и сл. “.

Повеќе...

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK