Празна кошничка
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден
med_
Медовина
300,00 ден

ПСОРИЈАЗА, УПАТСТВО

ПСОРИЈАЗА
КОЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

Psoriasis vulgaris - Псоријаза вулгарис е хронички генетски детерминисана папулосквамозна дерматоза, клинички и хистолошки добро дефинирана а етиолошки и патолошки сеуште не расветлена. Псоријазата е една од најчестите дерматози чиј процент изнесува 5%. Се смета дека од 3% до 5 % од човештвото боледува од псоријаза. Зборот „псоријаза“ доаѓа од грчкиот збор „псора“ што значи фини, меки лоспи.  Покрај кожата псоријазата често ги зафаќа и ноктите.

 

psoriasis vulgaris 2 customЕтиологија и патогенеза - псоријазата досега научно и медицински не е расветлена. Единствено што може со сигурност да се тврди е дека псоријазата е хередитарно заболување каде е докажано генетското условено пореметување на функцијата на кожата. Докажано е дека псоријазата се наследува аутосомално доминантно, правилно или неправилно со варирања од 20% до 60 %. Не се наследува болеста туку предиспозициите за псоријазна реакција, или псоријазниот терен, а за да дојде до клиничка манифестација на болеста потребно е да се исполнат и некои други услови - односно провоцирачките фактори, внатрешни или надворешни (пример - стресни состојби, испореметен метаболизам, фокални инфекции, разни органски и неоргански или функционални пореметувања, хормонални пореметувања и други заболувања, како и други надворешни штетни фактори - хемикалии, отрови и слично). Тоа значи дека иако се наследува предиспозицијата за псоријазата ако нема провоцирачки фактори, таа може да остане латентна (скриена) цел живот, односно да не се појави како кожна манифестација.

Фамилијарно наследува може да се случи од 5% до 90 %. Ако е оболен само едниот родител наследноста е со процент од 30% ако двата родители имаат псоријаза наследноста е до 70 %. Во основа псоријазата се дели на два вида во однос на наследноста и тоа:

Генотипска и Фенотипска.

Геностипската е наследна али може да остане како латентна, додека

Фенотипската е наследна и кожно се манифестира доколку се прифатат провоцирачките фактори.

Се знае дека кај псоријазата се работи за патолошки реакции на кожата на разни трауми, пореметувања на метаболизамот на епидермалните клетки или ензимските односи во нив, така да место обично стварање на корнеалниот слој, бројот на митозите во ними се зголемува за десет и повеќе пати и наместо клетките да траат 30 денови,траат само 4 дена поради што доаѓа да формирање на таканаречени *лоспи* и задебелување на кожата. Со други зборови станува збор за пореметување на пролиферационата кинетика на епидермалните клетки. psoriasis Vulgaris 1

Према инфективната теорија се смета дека псоријазата е последица на заболувања од разни вируси, бактерии, габи и сл. Меѓутоа се смета дека се тоа само провоцирачки -фактори.  Ако би било така псоријазата би се лечела со разни масти и креми. Некој автори сметаат дека е пореметен системот на метаболизамот на вкупните липиди, холестеролот и фосфолипидите во организмот како и биохемиски пореметувања во епидермалните клетки, како и метаболизамот со јаглените хидрати и посебно мастите во организмот.

Докажано е дека постои поголемо пореметување на биохемиските процеси во епидермалните клетки, како што е зголемена синтеза на протеините, посебно на ДНК, ензимските протеини, гликолитички ензими, како и зголеменост на оксидационите процеси, но сето тоа не се смета како специфично.

Се смета дека псоријазата е и ПСИХОСОМАТСКО заболување, што има и одредено оправдување ако се земе во предвид дека самата болест може да доведе до неуровегетативна лабилност (естетиката, комплексите од нелечливоста, стравот од зараза и сл.)

Ендокрините пореметувања (хормоналните) се исто така еден предуслов за постоењето на псоријазата. Нарочито се нагласуваат пореметувањата на функцијата на овариумот, тимусот, хипофизата, и надбубрежната жлезда а во одредени случаи и јајниците, хормонални пореметувања посебно кај естрогенот, прогестеронот, тироксинот, кортизонот и сл.

Исто така псоријазата спаѓа во групата на *автоимуните заболувања*, преку наследните особености моќ за сопствено ништење на одбраната од сопствениот организам, по грешка и несвесно. Од сите научни искажувања сепак се доаѓа до единствени заклучоци, дека повеќе се фактори за псоријазата за кои се согласуваат повеќе научници а тоа се дека:

Псоријазата е „семисиндром„ каде како постојанен фактор е наследноста (генетскиот фактор) и други варијабилни фактори кои ја потикнуваат развојот на псоријазата и овозможуваат од латентна да стане видлива. Меѓу нив се хормоналните пореметувања и провоцирачките фактори а тоа се - хормонални пореметувања, пореметување на метаболизамот, инфекции на разни органи, нервни пореметувања, фокални инфекции и разни надворешни фактори.

Клиничка слика на псоријазата во типични случаеви е прилично карактеристична. Основните лезии се состојат од еритема, или слабо инфилтрирани појави (папула) покриени со суви, сребренасто бели лоспи - првут. Промените се во најразличен облик и големина но остро ограничени. Лоспите може да бидат и со жолтеникава боја, слабо се атхерентни - меки. За псоријазата е карактеристичен уште еден феномен таканаречен феномен на „крвава роса“ тоа е кога псоријазата целосно ќе се исчисти со стружење, се забележува точкесто крварење, кое е израз на папиломатозите по што може псоријазата точно да се дијагностицира. Најчесто зафатени места од псоријаза се екстензорните страни на екстремитетите, лактите, колената, косматите делови и сакралните и перианалните делови.

Во основа се разликуваат два типа на псоријаза: хронично- статички (почесто) и еруптивно егзантемски (поретко).
Према големината, обликот, проширеноста, морфолошкиот изглед, псоријазата може да биде:

- Psoriasis punctata - псориазис пунктата – флеките се многу малечки колку зрно пченица.

- Psoriasis guttata - псориазис гутата – флеките се големи колку капки од роса

- Psoriasis nummularis - псориазис нумуларис – каде флеките се големи колку ковани пари.

- Psoriasis inplacibus - псориазис инплацибус – со големи флеки и лезии во форма на плочи и со широка зафатеност на кожата.

- Anularni i circinarni psoriasis - ануларни и цирцинарни псориазис – каде се формираат лезии или плаки од најразличен вид.

- Psоriаsis geograhica - псориазис географика – каде лезиите се како географска картa.

- Psoriasis eritrodermithis - псориазис еритродермитис – е еден од потешките видови на псоријаза.

- Psoriasis inversa - псориазис инверса – се локализира на интернтригиналните делови и флексорнитестрани на екстремитетите и гениталиите со црвени глатни и сјајни површини кои често се влажни мацерирани со фисури и красти.

- Psoraisis Inveterata - псориазис инветерата- застарена псоријаза со остро ограничени промени на лактите и колената.

- Psoriasis capiliti - псориазис капилити – го зафаќа окосмениот дел на главата со дебели наслаги на суви лоспи кај оваа псоријаза косата никогаш не паѓа.

- Psoriasis palmoplantaris - псориасис палмоплантарис – тоа е псоријаза на длановите и табаните слична на егземата.

- Psoriasis unguium - псориазис унгуиум – тоа е псоријаза на ноктите.

- Psoriasis pustilosa - псориазис пустилоза – е поретка форма со видливи и стерилни пустули кои се придружници на некоја друга псоријаза.

- Psoriasis pustuloza generalisata - Псориазис пустулоза генералисата – се јавува на псоријатични жаришта најчесто предизвикано од арсен, кортикостероиди и сл. пратена е со зголемена температура и чешливост со промена на ноктите и зглобовите а може да биде и на дланките.

- Psoriasis arthropathica - Псориазис артропатика – е доста честа форма на псоријаза се јавува во облик на отоци, болки во зглобовите, промени на ноктите придружена е со деформатни артритис нешто слично на реуматоиден артритис со висока температура и прилично болно.

- Psoriaisis psoriasis ersthrodermica - Псораисис Псораизис ерстродермика – е секундарна еритродермија, сува и ексфолијативна обично е псоледица на потешки заболувања на внатрешните органи.

Има и други врсти на лишаеви и други врсти на кожни болести кои се доста слични со псоријазата и чие детерминирање и дијагностицирање често пати е доста сложено. Горенаведеното е од аспект на современата медицина и нејзините гледишта по однос на псоријаза вулгарис. КОЈА ЗА МЕДИЦИНАТА Е НЕЛЕЧЛИВА БОЛЕСТ.

Традиционалната медицина, посебно алтернативната Треварство на оваа болест гледа од друг агол и нуди решенија за надминување на ова заболување. Решенија со кои Псоријазата како болест е успешно и трајно е решлива со што во основа ги дополнува современите медицински решенија и мислења.
Од она што се има како 30 годишно искуство и сознанинијата на Традиционалната медицина Псоријаза вулгарис е болест што се може да се реши трајно и успешно за време од најмалку 21 до најмногу 80 дена, во зависност од видот на псоријазата, годините на старост на болеста и други околности кои имаат влијание на ова заболување. И Традиционалната медицина потврдува дека има повеќе видови на Псоријаза вулгарис, кои може лесно да се детерминираат од самиот увид а по лекарската дијагноза. Псоријазата е проблем и болест на целиот организам а не само на кожата, каде се манифестира. Искуствата покажуваат дека при постоење на псоријазата, исполнети се повеке од предизвикувачките и пропратни состојби и фактори, како што се - испореметен метаболизам, хормонално пореметување, намалена одбрамбена состојба, поместувања кај ензимските лачења на организмот, поместувања кај трансаминазите, деградационите продукти, липопротенскиот статус, биохемиски пореметувања на метаболизамот во цел организам а и во самите клетки на кожата, психосоматски проблеми кај личноаста со псоријаза, неуротични состојби, пропратни други болести од групата на автоимуните заболувања (лупус, астми, нефросклерози, инсуфициенци и слично). Најчести засилувачи на псоријазата се стресовите, нервозите, сентименталностите и разни други непогоденија.

Основна карактеристика е, независно од другите причинители, тоа што клетките на кожата наместо да траат 30 дена колку што е нормално траат само 4 дена поради што доаѓа до создавање на таканаречените лоспи. Најчесто таа се засилува на пролет и наесен а во лето како да исчезнува. Често пати со разни масти, последно се користат од медицината масти збогатени со „дехтаметазон“ или други кортикостероиди, може времено да се исчисти али само за кратко време и повторно пак се јавува, што укажува на фактот дека не е тоа само кожна болест .Треба едноставно да се знае дека тоа е болест на организамот и само така треба да се третира и решава.

Медицината во решавањето на псоријазата е немоќна. Алтернативата нуди Решение но само под еден услов. Дисциплина во однос на однесувањето на пациентот. Решавањето скоро може и да се гарантирани само под услов на послушност.

Решавањето на ова заболување на псоријазата трае од најмалку 21 до најмногу 80 денови. Лечењето зависи од три важни фактори кои мора подеднакво да се исполнуваат за да се излечи псоријазата а тоа се:
1. ПСИХОЛОШКИОТ ФАКТОР на лицето кое сака да се лечи. Психолошкиот фактор е факторот на душата, факторот на срцето, факторот на внатрешните енергии на пациентот, кој мора да се испровоцира и да се разбуди, да се активира „подсвеста“ да се вклучи и таа во решавањето на проблемот. Треба да се раскрсти со тоа „дека псоријазата е нелечлива“ „затоа што таа може да се излечи“ што често и лекарите уште на Првиот  состанок со „задоволство“ тоа ќе Ви го кажат, без никаква грижа на совеста, дека се тоа „психолошки убиства“ ве докрајчуваат и ја убиваат секоја надеж за решавање на проблемот. Со психолошкиот фактор и активирање на подсвеста се допринесува и за хормоналните средувања кои се битен фактор во решавањето на овој проблем. Не може никој да Ве излечи ако свесно и со волја не прифатите да се лечите и не барате постојано решенија. Не може никој да ви помогне ако не се согласите на условите кој се нудат, да ги прифатите истите и да ги спроведете во целост со што гаранциите за лечење се зголемуваат. Не може никој да ви го реши проблемот ни со лечење ни со исхрана ако не е исполенет 1 условот „психолошкиот фактор“ а тој е „да сакате, да сте желни да се лечите и да ги прифатите условите за лечење, кој можеби се и единствените решенија за оваа заболување. Кај психолошкиот фактор битни се и таканаречените „ментални филмови“ кои сами си ги создавате. Се замижуваат очите и се лежи од 3 до 5 минути, во кое време се мисли на ништо друго освен на успешноста од лечењето, создавање на филм во кој се гледате без псоријаза, со чиста и убава кожа и убав тен ( позитивни мисли). Народски псоријазата се нарекува и „болест што го пара срцето“ поради психолошкиот проблем што го предизвикува, поради тоа треба срцето да се ослободи од неа.
2. НАЧИН НА ЛЕЧЕЊЕ=ФАКТОР НА ЛЕЧЕЊЕ=единсвениот начин за лечење на псоријазата барем засега е алтернативниот пристап за лечење на псоријазата со помош на Треварството. Лечењо на псоријазата се состои од комплет Терапија на чаеви, чајни комбинации, мацерати, медовини, тинктури и масти за нанесување на местата каде што има псоријаза. Во комплетот влегуваат околу 30 до 70 врсти на лековити неотровни тревки искомбинирани во чајни комбинацци и производи од нив.Така да за лечење на псоријазата се користат следниве чајни комбинации:

Prespanska gorcica1

1. Чајна комбинација 1/1-2-3-4

2. Чајна комбинација 2/1-2-3-4

3. Чајна комбинација 6/1-2-3

4. Чајна комбинација 8/1-2-3

5. Медовини,

6. Тинктури (тоа се производи од лековити тревки произведени во посебни постапки со вина медиката алкохол, медови и слично.

crnodrobni2Со чајните комбинации, кои се составуваат после утврдената дијагноза. лекарска или со увид, се врши целосно чистење на цел организам, абдомен, црнодробниот систем, мокрачнит истем, крвниот, лимфниот и хормоналниот систем. Чајните комбинации имаат со стотици својства, нивното дејство е споро но сигурно. Со помош на чаевите се отстрануваат и елиминираат сите „предизвикувачки“ фактори, гореспоменати кои псоријазата ја прават грда и несноослива болест. Не се остава ништо на случајност се средуваат сите системи и самиот организам, се добива чист и многу јак одбранбен систем со моќен имунолошки систем организам кој едноставно псоријазата ја тера од себе и никогаш не дозволува истата да се врати. Со тоа се губат и предиспозициите на наследност и не се дозволува шанса за генетска преносливост.

Чајните комбинации и другите производи од нив ги одредува Треварот и истите се замаат од него. Нивната припрема и употреба како и начинот на пиењето се одредеува со Посебно упатство кое е прилог на овој текст. Чајните комбинации се дават за секојдневна употреба за најмалку 21 а најмногу 80 дневна употреба.Терапијата од чаевите еднаш се подигнува и нема потреба повеќе. Повеќето од чаевите, комбинациите и другите производи се „патентирани“ и „атестирани“ производи, така да е отстрането сомнението за нивниот квалитет и здравствената исправноста. Во начинот на лечењето спаѓаат и комбинираните кантарионови масла и масти кои одат заедно со Комплетот а служат за нанесување на псоријазните легии и флеки.


3. НАЧИН НА ИСХРАНА - ФАКТОР ИСХРАНА е третиот фактор од комплетот на терапијата за лечење кој исто така е значаен. Исхраната е битен фактор во лечењето без кој неможе истото да се заврши успешно. Режимот на исхрана се утврдува према КРВНАТА група. Тоа е листа на исхрана која оди заедно со Терапијата и во која од зависност на крвната група се утврдува и исхраната. Затоа при лечењето треба да се знае и крвната група. При исхраната има и дел кој е „ЗАДОЛЖИТЕЛЕН“ и го земаат сите крвни групи, истиот е даден со посебното упатсво.Тие рецепти само она што е заокружено се земаат секојдневно, независно од тоа која крвна група сте, го земаат сите крвни групи. Првин се зема тој дел а после тоа се користат јадења од листата на крвната група. Една кинеска пословица вели вака „сите болести доаагат преку устата (храната)“ поради што мора да се почитува и овој фактор. Прилог кон ова е Листата за исхрана и Посебното упатсво за задолжителните рецепти.

Само подеднакво почитување на сите три фактори доведува до целосни и трајни ефекти и лечлива Псоријаза.

Како треба да се постапи и пристапи за лечењето на Псоријазата. По сознанието за нејзината лечливост се остварува контакт со Треварот, по телефон, интернет, директно. Се дава Упатствоза решавање на ова заболување. Се утврдува лекарска дијагноза од Лекар или директно со увид на Треварот и се даваат Упатсвата. Се подига Терапијата (еднаш се доаѓа и до целосно лечење сте во директен контакт со Треварот. При подигање на Терапијата се земаат - чаевите,чајните комбинации (3 до 5 паковања на потребни чаеви) се земаат медовините ,мастите и другите потребни работи. Се даваат и усмени и писмени појаснувања, упоатсва и слично. До целосно решавање на Псоријазата се остваруваат чести контактирања по телефон, односно контактот со Треварот е до целосно лечење на псоријазата, тоа време трае од најмалку 21 ден до најмногу 80 денови.

Комплетот за решавање на ова заболување може да биде 1.500 до 3.000 ден. Во зависност од лекарската дијагноза и готовите препарати кои влегуваат во истиот.

Исто така се даваат потребни појаснувања за заштита од озрачувања од разни извори на „енергии“ кои имаат негативно влијание и кои спаѓаат во предизвикувачките фактори на псоријазата (негативни енергии, озрачувања од подземни води, уроци и слично).

Првите знаци на лечливост кај псоријазата се приметуваат уште за првите 3 до 5 дена од прием на терапиите. После 5 до 7 дена се запира стварањето на лоспите и првутот на 14 до 21 ден почнуваат да се бледнеат и добиваат кафеавка боја помалите „лезии“ до 28 дена 30 до 50 % исчезнуваат средните и помалите лезии и флеки до 42 дена треба да исчезнат сите лезии се добива бледи и кафеавки флеки кој почнуваат да се пополуваат со пигмент. Во зависност од врстата и видот на Псоријазата нејзиното лечење е 21 најмалку а најтешката форма целосно се повлекува за максимум 80 дена. Многу ретки се случаевите каде може да трае и подолг период лекувањето. Псоријазата се смета за излечена кога нема да остане ниедна лезија - нигде на телото. После лечењето нема никакви забрани по однос на исхраната и однесувањето. Псоријазата штом еднаш се излечи многу ретко е повторлива, доколку се внимава на предизвикувачките фактори.

Кој се гаранциите за лечење - Доколку се исполнат горенаведените три фактори, лекувањетоскоро може да се гарантира. Во лечењето на оваа болест учесници се секогаш следниве тројца: Господ ја завршува работата штом ке го најдете треварот - Треварот ја завршува работата кога ќе одите кај него и доколку го слушате, ги следите неговите упатсва, одржувате контакти до целосно оздравување, за него работата е завршена кога целосно ќе оздравит

Вашиот дел од ова 1/3,зависи исклучиво од Вас ќе ОЗДРАВИТЕ ОНОЛКУ .КОЛКУ ШТО КЕ СЛУШАТЕ. Решавањето на ова заболување од денот на земање на терапијата зависи понатака директно од ВАС, со колкав процент ќе се слуша (по однос на упатсвата) со толкав процент се оздравува.

Под услов на послушност Псоријазата целосно се решава, штом е така ако не заради Вас ако неможете да се одлучите за лечење (заради тежината на условите кои треба да се исполнат) али заради чест на децата и потомството кој кога тогаш ако не го решите проблемот им го оставате во „наследство“ генетската преносливост, ќе Ве споменуваат секогаш и ќе велат дедо ми или баба ми таа и таа имаше псоријаза и од неа е наследноста.

Е работа што треба да Ве загрижи а штом се лечи - повелете да го решиме проблемот - да не Ве споменуваат како „лош“ спомен, кој место имот да се остави во наследство им оставате псоријаза.

Комплет терапијата се состои од:
1. Чајна комбинација број 1/1,2,3,4,----паковање од 200 до 300 грама
2. Чајна комбинација број 2/1,2,3,4,==паковање од 200 до 300 грама
3. Чајна комбинација број 6/1,2,3 ==паковање од 150 до 250 грама
4. Чајна комбинација број 8/1,2/3/ ==паковање од 100 до 200 грама
5. Медовина==паковање од 700 до 1 кгр
6. Тинктура==паковања од 200 до 5оо грама
7. Мед со млеч==паковање од 100 до 250 грама
8. Комбинирани КАНТАРИОНОВИ МАСЛА ИЛИ МАСТИ паковања од 100=200=300 грама
9. Совети за заштита од озрачувања од негативни енергии - или заштитници
10. Упатсва за припрема и пиење на Чаевите
11. Упатсва за задолжителни рецепти кои треба да се земаат секој ден додека трае лечењето

Кога се доаѓа задолжително се носи == ЛЕКАРСКАТА ДИЈАГНОЗА =

КРВНАТА ГРУПА И КРВНА СЛИКА во која има податоци за општата крвна слика, седиментацијата, ензимите (триглецериди, ХДЛ, ЛДЛ).

ТРАНСАМИНАЗИТЕ = АСТ, АЛТ алк, фосфатаза, деградациони продукти липопротеински статус, состојба за вирусите, белите рубини и слично (крвната слика има важност 6 месеци).

= КРВНАТА ГРУПА И КРВНА СЛИКА во која има податоци за општата крвна слика, седиментацијата, ензимите (триглецериди, ХДЛ, ЛДЛ) ТРАНСАМИНАЗИТЕ = АСТ, АЛТ алк, фосфатаза, деградациони продукти липопротеински статус,

ПРИПРЕМА И ПИЕЊЕ НА ЧАЈНИТЕ КОМБИНАЦИИ

Чајните комбинации 2/1=2/2=2/3=2/4=2/5=2/6=2/7 се спремаат и пијат на следниот начин:

- во 1,5 литар вода која што вари се ставаат две супени лажици од кесето (чајот),садот се покрива со капак и се тргнува од огнот се остава така покриено да излади, се процедува ,се чува во стаклено шише

- се пие преку цел ден, наместо вода, распоредено преку цел ден (а не наеднаш) покорисно е на гладно (сабајле), по 50 до 70 мл. на едно пиење а дневно треба да се испие по
== 5оо===7оо====1 л====1,2л===1,5л===

Чајната комбинација 3/1=3/2==3/3==3/4==3/5== се спрема и пие на следниот начин

--во 3оо==5оо милилитра вода што вари се става една супена лажица од кесето(чајот)тензерето се покрива со капак и се вади од огнот и се остава да олади, се процедува се чува во стаклено шише

==се пие на гладно =пред јадење и тоа

==2==3==5=пати на ден по 150 мл==1оомл==6о мл

Чајната комбинација 4/1==4/2==4/3==4/4= се спрема како кафе , едно кафено лажиче се вари со 6о до 7о милилитра вода (да зоврие), се процедува и се пие топло како кафе голтка по голтка ,додека е топло,Талогот што ке остане од процеденото се преварува уште еднаш, за да се штеди и се пие повторно, се зема на гладно на сабајле и навечер

==се пие 2 пати==4 пати на ден по 6о до 7омилитри

Тинктура==5оо мл===1 литар,е готов препарат

Се пие 2пати==3 пати==4 пати===5 пати на ден пред јадење,на гладно по

1о мл==15 мл==2о мл

Мацерат==3оомл==5оомл===1литар=е готов препарат

Се пие 2пати==3 пати==4 пати==5 пати== на ден пред јадење,на гладно по

1омл==15мл==2омл

Медовина==3оо гр.==5оо гр.==1 кгр==е готов препарат

Се зема на гладно пред јадење 2пати==3пати ===5 пати

По 1 кафено лажиче

Оцет од диви јаболка, е готов 1оо% природен препарат,добиен со посебна постапка

Се пие 2пати==3 пати на ден ,на гладно, по ==1о мл===15 мл==2омл==3о мл

Растворено со 5о до 7о милитра вода.

ЧАЕВИТЕ СЕ СПРЕМААТ СО КУПЕНА НЕГАЗИРАНА И ВОДА БЕЗ МИНЕРАЛИ (ОБИЧНА)

КУПЕНА ОД ПРОДАВНИЦА ИЛИ ОД АПАРАТ=ФИЛТЕР=НОБЕЛ, А НЕ ВОДА ОД ВОДОВОД,исто така и готвењето и вода за пиење се користи купена вода а не вода од водовод
Чаевите се земаат према она што е заокружено,се пијат сите чаеви секој ден према заокруженото на размак од 1о до 15 минути, се пијат преку цел ден напоредно еден по друг(така е покорисно) не е битно првин од кое ,важно е да се внесат во организамот.Покорисно поголем дел од чаевите да се земаат сабајле до 11,оо сатот на гладно,заради поефикасно чистење, со чаевите се врши – перење- на организмот.Дневно треба да се испијат од најмалку 1 литар до најмногу 2,5 литра чаеви. Чаевите се диуретици,антисептици и антибактерици и со уште многу други дополнителни својства и дејства(стотици)

Пиењето на чаевите се договара постојано со Треварот (намалување или зголемување на дозата)
СЕ зема само она што е договорено со Треварот и заокружено а не на своја рака
За секоја промена треба да постои согласност со Треварот, постојано се контактира

МАЧКАЊЕ СО МАСТИ МАСЛА И ДРУГИ РАБОТИ

Доколку лоспите се големи тврди се МАЧКААТ СО СЛЕДНОВО==во сто грама ракија се става една супена лажица нелут пипер мелен (за јадење) со памуче се мачкаат лоспите неколку пати и после
Се стружат со четка за заби

При појава на сврбеж се мачка со сок од лимон или сода бикарбона растворена со вода.

Првите седум дена сабајле се мачка со БУТАВАТЕ (бутават) грчка маст се купува од апотека а попладне се мачка со комбинираниоте кантариони добиени од Треварот. После седум денас сабајле и навечер се мачка со кантарионовите масти. Следните седум дена повторно сабајле со Бутавате а попладне со кантарион. Натаму во зависност од здравеењето се договара и мачкањето. Првите резултати се забележуваат за 5 до 7 дена. Процесот на мачкање и не е многу битен освем за психолошките ефекти инаку псоријазата и воопшто да не се мачка кога ќе дојде времето сама посебе се повлекува.
Не е дозволено мачкање со било која друга маст без согласност на Треварот
бидејки често пати се иритира проблемот,може кожата да се оштети изгори и слично

ИСХРАНА
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ
- махунарки (граф, лека, грашок, боранија, соја ),луто, кисело, месо, млеко и млечни производи, шекер,
Ситна сол, бело брашно и производи од него, вода од водовод, газирани сокови, алкохол, кафе, цигариконзервирани, производи, пушено, паштети, маслинки, портокал, варена зелка, јајца, маргарини, кикири печени, пченка,


МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ
- морски производи (риба и друго) компир, ориз, козјо сирењее, кромид, лук, зелка, брокуласпанак,
Тиквици, тиква, црни лебови, овоштие и останат зеленчук


ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ЈАДЕ И ПИЕ
- морков (200 до 3оо грама) тиква 200 до 3оо грама, тиквици млади, суво грозје (3о до 5о грама Семки од тиква непечени 2о до 3о грама, бадем, лешник, орев, кикири непечени, повремено смокви
Урма, мед,
Се готви со маслинови масла, крупна сол и лимонов оцет
Тиквици, тиква,

 - БРОЈСОВ СОК - 500 грама цвекло, 200 грама морков, една китка магдонос, се мијат се сецкаат и се мелет со машина за месо мелење (не на соковник) се ставаат во поголем сад и се заливаат со Купена вода Не од водовод ) со 6 до 8 литра ладна вода.Се остава да отстои 3 сата се процедува се чува во стаклени шишина во фрижидер се пие од 5оо до литар преку цел ден.

- МАСЛИНОВОМАСЛО (нерафинирано - ладно цедено ) се пие 3 пати на ден со сок од лимон по една супена лажица на гладно.

- МАЈОНЕЗ ОД ЛУК - се зема 2 кгр козјо сирење, 200 грама излупен лук, 2 китки магдонос, 100 грама ореви, 500 грама маслиново ладно цедено масло,сето тоа се миксира или меле на машина за месо мелење, се пакува во тегли и се јаде барем два пати на ден со леб интегрален леб.
Под делот задолжително се зема од сите погоре наведени работи секој ден, бидејки е тоа храна и рецепти што лекуваат. Треба да се внимава на ЗАБРАНЕТОТО, не смее да се зема ни случајно –задолжителното - се зема обврзно а од - може да се јаде - се зема по желба. Оваа не е диета ова е исхрана со која се овозможува чистење на организмот од отровите и штетните материи и се ослободуваат системите да функционираат нормално без никакви оптеретувања. За храна не се умира, оздравете после јадеете што сакате. Храната е еден од трите фактори за лечење и мора целосно да се почитува, без тоа неможе да се реши проблемот.

ПРАВИЛА НА БИОРИТАМОТ И ОДНЕСУВАЊЕТО ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕЧЕЊЕТО КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ

- да не се мешаат јадењата(да не се земаат гарнири,)на пример се јаде само риба и леб а не мешано со компир или ориз
значи поединечни јадења,
- се јаде повеќе пати, понамалку, не треба да се прејадувате
- овоштие и зеленчук (салати) се земаат 20 минути пред јадењето никако заедно со јадењето
- да се јаде онолку колку што се троши во текот на денот
- да се готви со крупна морска сол, маслиново масло и лимонов оцет
- да не се спие после јадење

 Време за јадење е од 11.00 ч. До 19.00 часот,од 20,00 до 04,00 сабајле се вари храната и се врши размена на материите и од 04,00 до 11,00 сабајле не се јаде ништо, организмот треба да се исчисти од отровите и штетните материи, во овој период се зема повеке чаеви со цел организамот да се испере, исчисти. Природниот сон (првиот сон) е секогаш од 23,оо до 24,оо сатот и во тој период би требало да се спие, затоа што тогаш ОДМОРА СРЦЕТО ако се прескокне тоа нема= прв сон= и неможе да се одмори срцето и нема да се осекате наспиени, колку што може да се почитува овај принцип.

- движење - денот треба најмалку да се пропешачи барем 2-3 километри или да се истрча, да се предизвика слабо потење со што организамот се ослободува од јагленородната киселина и отровите и презатрпаноста со сол - не се ограничени никакви физички активности и други активности за време на терапијата но не треба да се претерува со тешки физички работи да се избегнуваат стресни ситуации и нервози.

- да се прават дневно барем два пати душевни одмори, каде се легнува по 3 до 5минути во темна и тивка соба на плеки со малку раширени нозе и раце, замижани очи и размислување длабоко да се вклучи и потсвеста со повторување во умот на зборовите „ќе оздравам, ќе оздравам и.т.н. барем 50 до 99 пати со што се „втиснува во
потсвеста желбата и моќта за здравеењето и се врши нејзиното, моќно активирање чија снага и сила Е ОГРОМНА посебно со активирањето на „хормоналниот систем кој е под контрола на поствеста.“
- да не се спие со главата(врвот на главата ) на запад, (како што се ставаат умрените), бидејки доага до исклучување на акумулирањето на космичката енергија преку чакрата која се наоѓа на врвот на главата и се пореметуваат енергетските капацитети во организмот и се празни силата на АУРАТА посебно на белата и сивата енергија.

- за оние кои имаат слаби капацитети на бионергија, (посебно А крвна група) корисно е да се носи некој од талисманите заради заштита од озрачување од извори на појака енергија, човечка или друг вид. или ако ништо друго да се носи со себе барем 1 до 3 плодови од див костен (ја апсорбираат негативната енергија)

- да не се чува дома во стварите (алишта, јамболии= нафталин, туст, тост (средство против молци) поради неговите патогени зраци, со кој се врши труење на организмот, поради зрачењето со арсеникот и доколку се има дома истиот треба да се отсрани и сите соби треба да се исчистат, исчадат со темјан ,неколку пати заради поништувања на зрачењата.

- дишењето кога се одмара треба да се настојува - да се дише длабоко и подолго и штом ке се вдише воздухот се задржува повеќе секунди- па потоа се испушта, почетокот помалку после подолго, додека се држи воздухот во себе се повторува зборот - да оздравам,здравеам и тоа почетокот еднаш, после два пати да се стигне до 12 пати а воздухот се држи во себе а после се испушта - издишува постепено а не наеднаш. Ова е таканаречено фетусно ДИШЕЊЕ, (ДИШЕЊЕТО НА христа) И ВАКА ДИШЕ Фетусот во мајчината утроба, на овој начин организамот се ослободува од штетната јагленова киселина.

- не е забрането сончање ниту бањање, за бањање се користат меки шампони од коприва или детски шампони.

- не треба да ја криете псоријазата,болест не се крие од никого затоа што не знае човек кој може да му помогне, не треба да се комплексирате, затоа што тоа може да го најде секого.

- псоријазата не е заразно и преносливо заболување и слободно може тоа да го кажувате и така да се однесувате.

- псоријазата е болест што се лечи, доколку се почитува погоре изнесеното, повелете спроведето го и ќе си помогнете и ќе го решите заболувањето, сите болести се лечливи и нелечливи, зависи од тоа кој како се однесува, проверете па видете и сами.

Овие концепти за решвање на Псоријазата се практикуваат и за Витилигото, ихтиозите, егземите разни врсти на лишаеви, лупус еритематодес и слично.

Псоријазата честопати е резултат и последицата на други заболувања како што се инсуфициенциите, нефросклерозите, цироза, заболувања на црнодробниот систем од вирусен аспект, недолечени хепатит А и Б, хепатит Ц, пореметени ензимски лачења, промена на трансаминазните референтни вредности високи билирубини, АЛТ, АСТ и слично) ова е карактеристично посебно за крвните групи А и Б, додека кај О крвна група, често е врзано со присутност на хеликобактерија и стомачни проблеми или пореметеност на хормоналниот систем како последица на автоимуни проблеми.

Решавањето на псоријазата со примена на овој концепт се забележува за првите 4-5 дена, се јавуваат првите ефекти, не се ствара првут - лоспи, почнува побелување на лезиите, и нивно оивичување, пополнување на средината со нов пигмент и слично. До 18 дена излегуваат сите псоријатични лезии кој се „скриени“, затоа што псоријазата ја има и на внатрешните органи, истите „излегуваат површински“ како мали точки се задржуваат неколку дена и исчезнуваат, слично е како кај сипаниците. При крајот псоријазата се повлекува за неколку дена, остануваа белези, последни за лечење на предниот дел на нозете под колената и најчесто на „крстот“ лезиите последни исчезнуваат. Контрола кај треварот се правби на секој 14 или 21 ден за да се следи повлекувањето на псоријазата, крвна слика се прави на почетокот и на крајот на терапијата. Престанокот на лечењето го констатира треварот, и се престанува тогаш кога псоријазата е целосно повлечена по констатација на треварот. Псоријазата народски се вика и „болест што срцето го пара“ е иста како и љубовта „кога ќе помине се заборава за два дена“ исто како воопшто да не било.

Доколку имате нешто нејасно можете слободно да не контактирате на електронската пошта или на тел. 389 (0) 47 452 843; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 389 (0) 70 39 39 66

Тревар Науме Петковски

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK