Празна кошничка

За нас

Треварот Науме Петковски од Ресен, повеќе од 30 години се занимава со производство на чаеви, чајни комбинации и производи од чајни комбинации. Вели дека не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за се. Науме е дипломиран правник, кој почнал да се занимава со треварство, откако со пиењето чаеви ги надминал проблемите со нарушувањата на работата на бубрезите. Тоа било мотив и поттик за него и за неговата сопруга да го завршат отсекот треварство при ЦСОУ "Димитар Влахов" и да почнат да ја "испитуваат" природата. Петковски атестирал и патентирал четири чајни комбинации, мацерати, тинктури и медовини. Освен лекувањето со чаеви и чајни комбинации препорачува и исхрана по крвните крупи.

- Работиме по листите за исхрана на доктор Питер Адамо. Тоа се природни законитости, кои не може да се менуваат бидејќи природата одредила која група каква исхрана треба да применува. Порано работевме по Карпер, Зараи, Дајмонд ама кај одредени болести, ефектите од лекувањето од аспект на исхраната не беа задоволени, вели Петковски. Петковски вели дека при лекувањето со неговите препарати важни се три фактори- психолошкиот (желбата да се оздрави), начинот на лекување и менување на режимот на исхрана. Работи по рецептури од југословенските и бугарските фармакопеи, од Весна Лукаровска и Васо Дервенџе.

- Тревките ги собираме сами најчесто на високите места на Галичица и Пелистер каде се најквалитетни. Важно е да се внимава на периодите за собирање - која тревка кога се собира и во какво време, да биде сончево, да нема роса. Ги сушиме, пакуваме и чуваме, во посебни простории. Пред да ги употребиме ги мелеме за да бидат посвежи, објаснува Петковски.
Тој гарантира оздравување за болестите, за кои има атест за тревките - болести за мокрачниот систем (воспаленија на бубрези, уретри, на бешика, на простата, воспалителни проблеми на гениталиите, на јајниците, бактериолошки проблеми, камења, инсифициенци, нефросклерози), потоа кај црнодробните заболувања ( болести на црниот дроб, хепатитични состојби, цирози, дијабетес, тумори и малигни болести), и чајната комбинација за слабеење.

- Кај нас доаѓаат пациенти кои не нашле соодветно решение кај современата медицина. Нема промашени терапии ако пациентот е дисциплиниран. Тревите не создаваат зависност, и може да се пијат сопропишаните медикаменти. Ние работиме по дијагнози. Најчесто бараме крвна слика за да се добие впечаток за болеста, и за да се определи режим на исхрана. Алетрнативната медицина ги открива причинителите на болеста, ги "стопира", а потоа го принудува организмот сам да се избори. Затоа и решенијата се трајни. Билките се чистачи на организмот и имаат повеќе својства - диуретични, антибактериски, антисептични, зависи каква комбинација правите и кој проблем го решавате. Со чаевите не се лечи само болеста, туку целиот организам. За илустрација во една лековита тревка (корен) се издвојуваат од 200 до 400 основни својства на билката, а при комплет се добиваат илјадници својства. Кај лековите има висока концентрација само на одредена компонента, и ефектите се многу брзи. Со тревките лекувањето е подолготрајно. Со чаеви не се оздравува за 2, 3, дена. Чаевите се пијат 7, 14, 21 или 42 дена. Кај одредени болести лекувањето трае повеќе месеци, вели Петковски. Тој е особено горд што со неговите препарати успешно се лекуваат многу кожни болести, особено витилигото и псоријаза вулгарис, за кои медицината смета дека се неизлечиви.

- Третманите траат од 42 до 80 дена. Псоријазата не е кожен проблем туку е потиснат гнев кај човекот. Се работи за "искривен" метаболизам, хормонални нарушувања, нарушувања во ензимскиот статус и проблеми со трансаминазите во црниот дроб. Со режим на исхрана, комбинација од околу 100 вида тревки и со масти псоријазата се лекува, вели Петковсски. Тој изработува и масти по народни рецепти.

- Користиме компоненти од подземните делови на растенијата , кои се "влечат" со помош на алкохоли и вина. Кантарионовите масла, се прават по народни рецептури. Жолтиот кантарион, комбиниран со други тревки со антисептични својства "стои" во нерафинирано маслиново масло 40 дена. Успешно се лечат кожните проблеми и се овозможува брзо регенерирање на кожата, вели Петковски.

Заинтересираните можат да ги нарачаат чаевите и да ја погледнат нивната веб- страница на Интернет

Роза Канина (дива ружа)
Како се започна
. се бави со промет на лековити тревки, и специјализирана со соодветни атести и цертификати за лекување на најразлични заболувајна со чаеви, режими на исхрана, мацерати, медомедикати, тинктури и најразлични методи и постапки во зависност од болеста која се лекува, и доставените лекарски наоди на кои соодвествуваат и начините на лекување.Настанокот на оваа фирма е инициран од самата потреба на Науме Петковски, кој пред 30 години пуштен од градската болница во Скопје со креатинин 1700 успева да се излечи и одржи со помош на чаеви составени од најразлични тревки, а подоцна развива и соодветни режими на исхрана работени по теориите на Гинтер, Карпер, Рика Зараи, Дајмонд и др. прилагодени на Македонското поднебје. Ефектите од ваквото лекување почнаа да се покажаа како многу ефикасни и се помалку недостижни за модерната медицина, (зголемување на крвни зрнца до 1.000.000 за 7 дена, прочистување на крвната слика од разни примеси, постигнување хормонална рамнотежа, подигање на имунитетот на солидно ниво, оспособување на организмот сам да се бори со болеста, што од друга страна значи неможност за појава на рецидив кај болниот, антиканцерогени дејства, успех при лекувањето рак на дојка до трет степен, чистење на камења во бубрези, жолчка и бесика... без рецидивност на истите и др. поподробно ке биде објаснето.)
Првите корисници беа комшиите, блиските, за понатаму почнаа да доаѓаат  и од цела Македонија па и пошироко. . Посебно успешно се лекуваат, бубрежните заболувања, кожните заболувања, тешките заболувања најчесто нерешливи за модерната медицина. како што се  псоријаза вулгарис, витилиго, импетиго, егземи, еритхемен лупус, бубрежни инсуфициенции и др. болест.

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK