Празна кошничка

Болести

При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими, се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите. Истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата. Чаевите и Чајните мешавини што ви ги нудиме тука се користат и  немаат „НУС“ (негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината, така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства, за побрзо и со заеднички сите да се победи болеста.
Лечењето по овие методи трае повеќе време, некогаш и po неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трајна ориентација, односно да се применуваат до крајот на животот. Да се исклучат од натамошна употреба задолжително - АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И КАФЕТО, тешки физички работи, тешки физички напрегања, нервози и сл, мрсна храна, да се вклучи пешачење најмалу 3-5 км дневно и ориентација кон здрава исхрана (види повеќе упатства и исхрана).

Повеќе...

Дебелина како појава и болест

Условите и начинот на живеење, брзиот и динамичен живот, полн со нервози и стресови, постојана напнатост, неможноста за прилагодување на новонастаната состојба, непочитување на природните законитости, биоритамот и друго а особено кај женскиот пол, доведуваат често пати до одредено пореметување на таканаречено дебелеење кое може да се третира и како болест и како заболување, бидејќи поставките за таква појава се секогаш врзани за одредени органски пореметувања и се последица на други случувања во организмот што може да имаат третман на болести. Ова посебно е изразито при климактеричниот синдром кај понежниот пол во времето на предклимаксниот, климаксниот и пос климаксниот период, кој период може да трае и повеќе од 10 години а може да почне и многу рано (30 тата година). Проблемот се зголемените естрогенски лачења, независно од што се предизвикани. Неможноста овој проблем благовремено да се разоткрие и реши често пати се прибегнува кон лажни претпоставки како што се ,,дебеелење на нервна основа“, дебелеење на постојано ,,подлапнување измеѓу јадењата“, дебелеење на основа на ,,домаќинлок – да не се фрла она што ќе остане и сл. “.

Повеќе...

Стомачни заболувања

БОЛЕСТИ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Стомачните заболувања може да се третираат со методите на алтернативната медицина кои помагаат за полесно лекување на овие заболувања.
Болестите на органите за варење се делат на повеќе видови болести.
1.БОЛЕСТИ НА УСТАТА
- воспаленија на устата СТОМАТИТИС - воспаление на слузницата на устата кои најчесто се јавуваат од расипани заби а може да биде воспалителен (воспаление без рани); автозен-со болни рани и меурчина; гангренски - како тешко заболување кое го продупчува дури и образот на лицето)
• ГИНГИВИТИС - е воспаление на непцата (десни) а може да биде - хипертрофичен со отоци на непцата. Некротичен каде непцата се отечени и крварат, лачењето на плунка e зголемено, и е заразно, преносливо, а храната неможе да се голта.
• ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ - габичните инфекции најчесто се предизвикани од КАНДИДА (Габична инфекција) со воспалителни процеси, каде усната е бела како млеко од габичните колонии.
• АНГИНА - е воспаление на крајниците, со гнојни форми и гнојни кеси, предизвикана од разни бактерии и е прилично болна и тешко се голта храната.
•НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ ОД УСТАТА (Halitosis) - е појава или болест која е предизвикана од некој проблем или болест на органита за варење.
2. БОЛЕСТИ НА ХРАНОПРОВОДОТ
Болестите на хранопроводот се манифестирани преку болно и отежнато голтање а како причини се: стеснувањето на хранопроводот, атрофија, полипи, последиците од ангина, дифтерија, шарлах, заушки, туберколоза и слично.
• ВОСПАЛЕНИЕ НА ХРАНОПРОВОДОТ - се добива како последица на инфекции од устата, грлото и гркланот а некогаш и од изливи на киселина од стомакот (при повраќање и при повишено лачење на киселини во стомакот).

Повеќе...

Болести на женските полови органи

Болестите на женските полови органи се прилично разнолични и обемни како болести. Во оваа група ќе бидат споменати следниве: нарушувања на менструалните циклуси; воспаленија на вагината; воспаленија на јајниците и јајцеводите; стерилитетот; болести на дојката и климктериумот како појава и болест.

- НАРУШУВАЊА НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС - Менструацијата е внатрешна промена во јајниците и матката, чија видлива страна е месечното крварење. Менструацијата трае од 3 до 5 денови и се повторува на 28 денови, што се смета за редовна и нормална менструација, и e единствено НОРМАЛНО крварење на половите органи. При менструацијата нормално е да се изгуби од 50 до 100 мл.крв. Првата менструација се јавува од 12 годишна до 14 годишна возраст а се нарекува МЕНАХРА. Ако се појави пред 12 години е „рана менахра"а ако се појави по 14 години е „доцна менахра". Најдоцна што може да се појави е до 18 години. Последната менструација е измеѓу 45 до 50 година и се вика „МЕНОПАУЗА" односно тој период е наречен „КЛИМАКС" а самиот престанок на менструацијата е менопауза. Менструациите може да бидат РЕТКИ, кога се јавуваат по 31 ден и ЧЕСТИ кога се јавуваат во период пократок од 24 денови. Менструациите исто така може да бидат „СИЛНИ" со зголемено губење на крв и често пропратени со болки и „СЛАБИ" со малку крв и неболни. Појавата кога измеѓу менструациите се јавуваат неправилни крварења се вика „МЕТРОРАГИЈА" и се смета за крварење кое нема врска со ментруацијата и асоцира на одредени заболувања и болести. Во одредени случаи доаѓа до „изостанок" на менструација (каснење) и се вика „АМЕНОРЕА" и асоцира на одредени проблеми и болести на половите органи, често пати и поврзано со стресни ситуации и нервози а се смета дека не е нормално.

Повеќе...

Шекерна болест

Шекерна болест

- ДИЈАБЕТЕС е вообичаен израз кој се однесува на повеќе биохемиски пореметувања во организмот кој не е во состојба да ги искорости јаглените хидрати, шеќерот и скробот, кои се внесени во организмот преку исхраната и хранливите производи. Поради одсуството на инсулин , клетките не може да ги отворат каналите и да го примат шеќерот. Како резултат на тоа, нивото на шеќерот расте во крвта над нормалата, додека клетките буквално умираат од глад. Ова може да доведе и до други сериозни пореметувања на други органи како што се-срцевата работа, инфаркти и изливи на мозокот ,,заболувања на бубрезите, болести на очите и видот, слепило, леукемичжни заболувања и слично".

Симптомите на дијабетисот и најраните знаци на негово постоење , како предупредување се: зачестени мокрења, станување ноќе на мокрење, постојана жед за течности и нејзино зачестенo пиење, губење на тежината без посебни други причини, потнеење, малаксалости во поизразена форма, депресивни состојби и слично.

Повеќе...

Страница 1 од 2

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK