Празна кошничка

Желудочно-цревни болести

- диспесии, тромос, гастритис, воспаленија;
- чир на желудник и дванаесетпалачното црево;
-дијареи, запек, акутен и хроничен колитис, улцерации;
-полипи, тумор и малигни болести на дебелото црево;
 
Наведените болести може да се лекуваат со следните производи:
- со помош на чаеви и чајни комбинации
- режими на исхрана и
- комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите.

Види повеќе во упатства за лекување на желудочно-цревни болести.
ЗА ЛЕКУВАЊЕ СЕ ЗЕМА ЧАЈНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЦРНО ДРОБНИ И ЖОЛЧНИ БОЛЕСТИ
- КОМПЛЕТ ТЕРАПИЈА

1. чај за жолчни и црнодробни болести  300 гр.  (2/1)  - се пие 1,5 литри на ден
2. чај за жолчни и црнодробни болести  300 гр. (
3/1) - се пие 05, литри на ден
3. чајна комбинација семе од трн (4/1)     се пие наместо кафе - 2*70 гр. наутро и навечер
4. ТИНКТУРА  - се пие 3 пати по 1 капаче наутро на ручек и на вечер.

 ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ЗЕМА

1. Козја сирутка се пие секој ден по 300 мл.
2. една таблета Селен - една таблета Железо - една таблета Магнезиум
3. 100 грама јогурт
4. три супени лажици маслиново масло(ладно цедено), измешано со сок од 4 лимона и една две супени лажици течен мед
5. 200 до 300 грама БРОЈСОВ сок и до 10,00 сатот се зема било кое овоштие или зеленчук али без леб
6. може да се користи и сок од домати(кечап домашен али без конзерванси).

Рецепти за задолжителниот дел од исхраната:

Мајонез од лук
се зема 300 грама истолчен или сомлен лук, 100 грама излупени и сомлени ореви, 3 китки, магдонос исецкан, 300 грама маслиново масло и малку сол сето тоа се меша и се толчи во аван. Се јаде еднаш денот навечер со црни лебови и јогурт.

Сок од цвекло - (Бројсов Сок) (КОМБИНИРАН),

се зема 2 кгр. живо цвекло, 300 гр. морков и 5 кгр, јаболка (кисели),3 китки магдонос, 2 китки целер сето тоа се мие и се меле на машина за месо мелење, се става во поголем сад (лонец) и се залива со 8-15 литра ладна вода во која се става 1 до 1,5 кгр, мед и се остава да стои 12 сати. Се цеди низ газа се чува во фрижидер во стаклени садови, стои 20 дена. За вода се користи или изворска или купена не од чешма (по можност со ppm до 30 ) .
Сок од морков се спрема или во соковник или како цвеклото, соковите се спремаат исклучиво дома и од свежо ово
штие, се земаат како комбинирани или поединечни, се земаат на секој ден ражлични (денес од јаболко, утре од друго, од лубеница и сл.)

- Црниот дроб, жолчката која се наоѓа во него, како и слезенката се едни од најважните, витални органи во организмот, во кои се одвиваат најважните био-хемиски процеси и процесите на размена на материите - метаболизам и катаболизам, како и други процеси во создавањето на крвта, компоненти за лимфниот, хормоналниот и крвниот систем, како и други важни функции и задачи.
Овие органи поради нивната значајност, функции и оптеретеноста со работата, често пати се изложени на разни лесни и тешки заболувања и болести исто така и Панкреасот е еден од виталните органи, чие хормонално лачење игра важна улога за организмот а е познат како доста - мрзелив - орган и е склон на разни болести.
НАЈЧЕСТИ заболувања и болести на овие органи се: подување, замастувања (поместувања на триглицеридите, холестеролите, АСТ, АЛТ, хепатитичните сотојби, состојби на цироза, асцит, атрофии, абцес, ехинокок, фасциолоза, црна жолтица, жолчни колики, воспаленија, песок, камен во жолчното кесе) (холецистит), цисти, шеќерна болест, тумори и карцином и слично.

ТЕРАПИЈАТА за лечење на овие болести се состои од три дела и тоа:

ПРВИОТ ДЕЛ: е составен од чаеви, чајни комбинации, Тинктури, Медовини, Кантариони, составени од поголем спектар на исклуччиво неотровни лековити тревки од Преспанското поднебје, кои се комбинираат на основа на доставена лекарска дијагноза, во комбинациите може да влезат и до 5о до 7о врсти на тревки. Тоа се комплети од Терапи со кои лечењето трае најмалку 42 дена, кое соответсвува на решавање на системските проблеми и циклуси во организмот (крвен, хормонален, нервен, лимфен систем, метаболизам, биоритам, метаболичка рамнотежа и слично).Тревките се берат лично(фамилијарно) каде строго се внимава, на еколошката страна, квалитетот, местото, висината и слично.

ВТОРИОТ ДЕЛ: се состои од РЕЖИМ на исхрана, соответен на дијагнозата и болеста, работен на основа на долгогодишното искуство, како по теориите на Карпер, Гинтер, Бројс, Зараи, Дајмонт и други светски имиња али прилагоден на нашиот менталитет, навиките, поднебјето, микроклиматските услови и поврзаноста на човекот со местото во кое живее и опстојува и производите во околината. Со исхраната се постигнува==исправување на биоритамот, метаболичката рамнотежа, внесување и до 7о% дневно животно течности преку овоштието и зеленчукот, правилно јадење и права храна исправен и навремен=катаболизам и метаболизам, детоксикација на органите и организмот, јакнење на одбраната, крвниот, хормоналниот и лимвниот систем.

ТРЕТИОТ ДЕЛ: е решавањето на проблемот на психолошкиот фактор - душата, преку почести и директни контакти со човекот третман на човекот како човек а не како предмет на кој мора да му се стави на знаење дека телото е составено од три работи=тело=ум=душа, во кои мора да се води сметка и за Надежта, Љубовта и Верата, и со делување, заедничко на сите три работи може да се постигнат саканите ефекти и да се реши проблемот на болеста и тоа како трајно решение.

ТЕРАПИЈАТА е превентивна, заштитна и исцелителна што значи со нејзинот започнување се избегнуваат болките, нападите, дејствата на истата се благоисцелителни, не се силни и јаки, заради што нејзината примена е подолготрајна. Кај одредени болести лечењето може да трае и повеќе месеци (камен, Ту, Ца, цисти и слично) но истото е нештетно, неставара навики и нема +нус+ појави со ниедно лекарство. Единствено што смета е долготрајното пиење на чаевите, но кога ке се земе во предвид дека со тоа се добиваат трајни решенија е сепак исплатливо.

По завршување на Терапијата од 42 дена се прават вообичаени контроли (крвна слика, ехо, ренгентски нативни снимки) и штом се констатира и од лекарска страна дека резултатот е добар се прекинува Терапијата и се даваат совети за натамошно однесување за догледно време за да не дојде до рецидив.

По методите на лечење со оваа Терапија, истата не се коси ниту со лечењето од страна на современата медицина, така да може истовремено да се користат и лекарствата од лекарите а да се спроведува и ова терапија.

Пожелно е при спроведување на терапијата да се нагласува сопствената  - интуиција - односно да се наслушнува организмот што му треба и што треба да се прави и по сопствена иницијатива да се презема она што бара организмот, умот или душата, односно треба самиот на себе да сте си лекар.

САМО СО ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ И СООДЕЈСТВО НА СИТЕ ОВИЕ ФАКТОРИ И СОРАБОТКАТА СО БОЛНИОТ И НЕГОВОТО ДИСЦИПЛИНИРАНО ОДНЕСУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ НА БОЛЕСТА

РЕЖИМ НА ИСХРАНА И ОДНЕСУВАЊЕ од најмалку 7 до 42 дена 

ПРВА ВАРИЈАНТА

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДЕЛ
ДОРУЧЕК    од 6.00 до 10.00 сатот
1. една таблета Селен==една таблета Железо===една таблета Магнезиум
2. 100 грама јогурт
3. три пат на ден УРАЛИТ или РОВАТИНЕКС или замена нивна
4.  три супени лажици маслиново масло(ладно цедено), измешано со сок од 4 лимона и една две супени лажици тече
течен мед
5.  200 до 300 грама БРОЈСОВ сок и до 10,00 сатот се зема било кое овоштие или зеленчук али без леб
6.  може да се користи и сок од домати(кечап домашен али без конзерванси)

РУЧЕК од 10,00 сатот до 18,00 сатот
За ручек, првин се јаде салата (основата да е од свежа зелка), зачинета со повеке маслиново масло, малку крупна сол и јаболков оцет (салатата се зема 20 минути пред ручекот). После може и треба да се јаде повеке пати а најмалку, на секој 2 сата да се јаде по нешто, за да се празни поначесто жолчниот сок и да се жистат, џигерот и слезината. За јадење може да се јаде од следниве работи
- компир - ориз - махунарки - соја - леќа - грашок или пак
Морска риба - кисело млеко -  јогурт -  палента - пченкарно брашно -  црни диететски лебови.
(Морска риба не смее да се меша со кисело млеко ) Односно од наведените јадења се зема само поединечно , пр. само ориз, само риба, само кисело млеко и тн.
Јадењата се готват со малку запршка, маслиново масло (се става повеќе) малку сол. Јадењата не смее да се гарнираат. Се јаде само леб и кромпир, по два сата леб и ориз - по два часа  - леб и раби и.т.н.


НАДВОР ОД ОВАА ЛИСТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ И ПИЕ ДРУГО НИШТО (штом не е напишано во листата не може да се јаде).

ВЕЧЕРА од 18,00 сатот до 20,00 сатот
Се вечера или леб и кисело млеко или само варена пшеница
ПОСЛЕ Ручекот или пред него се зема рецептот под број 3 а исто така или пред или после вечерата
БРОЈСООВИОТ СОК и ЧАЕВИТЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕКУ ЦЕЛ ДЕН, пред или после јадењата према упатсвото

РЕЖИМ НА ИСХРАНА најмалку 7 до 42 дена

ВТОРА ВАРИЈАНТА

ДОРУЧЕК од 6,00,до 11,00 сатот (исто како прва варијанта)
РУЧЕК од 10,00 до 18,00 сатот=се јаде на секој два сати али јадења спремени без масло (зејтин)  - компир, грашак, Боранија, ориз, зеленчук со црни лебови и слично
Тоа се прави 5 дена а сабота и недела се јаде со зејтин (ПОСТЕЊЕ)
При постењето Рецептот под број 3 од Прва варијанта се зема задолжително
ВЕЧЕРА - се зема варена пшеница или пченка конзервирана.

Дома во алиштата и стварите НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДРЖИ -  Нафталин - туст - тост-  поради неговите штетни патогени зрачења. Да не се спие со главата на западна страна поради Космичката енергија.

ОД ОНА ШТО ГО ЈАДЕ ЧОВЕК САМО ЕДНА ЧЕТВРТИНА СЕ КОРИСТИ ЗА ОРГАНИЗМОТ, ДРУГИТЕ ТРИ ЧЕТВРТИНИ СЕ ЗА ЛЕКАРИТЕ ХРАНАТА ТРЕБА ДА Е ЛЕК, ЛЕКОТ ХРАНА.
КОЈ И ДА Е ТАТКО НА БОЛЕСТА МАЈКАТА Е СЕКОГАШ ЛОШАТА ИСХРАНА.
ЗАБЕЛЕШКА согласно се применуваат и упатствата по однос на исхраната во зависност од крвната група.

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK