Празна кошничка
urinomiks
УРИНО-МИКС
200,00 ден
femimiks
ФЕМИ-МИКС
200,00 ден
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден

Болести на женските полови органи

Болестите на женските полови органи се прилично разнолични и обемни како болести. Во оваа група ќе бидат споменати следниве: нарушувања на менструалните циклуси; воспаленија на вагината; воспаленија на јајниците и јајцеводите; стерилитетот; болести на дојката и климктериумот како појава и болест.

- НАРУШУВАЊА НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС - Менструацијата е внатрешна промена во јајниците и матката, чија видлива страна е месечното крварење. Менструацијата трае од 3 до 5 денови и се повторува на 28 денови, што се смета за редовна и нормална менструација, и e единствено НОРМАЛНО крварење на половите органи. При менструацијата нормално е да се изгуби од 50 до 100 мл.крв. Првата менструација се јавува од 12 годишна до 14 годишна возраст а се нарекува МЕНАХРА. Ако се појави пред 12 години е „рана менахра"а ако се појави по 14 години е „доцна менахра". Најдоцна што може да се појави е до 18 години. Последната менструација е измеѓу 45 до 50 година и се вика „МЕНОПАУЗА" односно тој период е наречен „КЛИМАКС" а самиот престанок на менструацијата е менопауза. Менструациите може да бидат РЕТКИ, кога се јавуваат по 31 ден и ЧЕСТИ кога се јавуваат во период пократок од 24 денови. Менструациите исто така може да бидат „СИЛНИ" со зголемено губење на крв и често пропратени со болки и „СЛАБИ" со малку крв и неболни. Појавата кога измеѓу менструациите се јавуваат неправилни крварења се вика „МЕТРОРАГИЈА" и се смета за крварење кое нема врска со ментруацијата и асоцира на одредени заболувања и болести. Во одредени случаи доаѓа до „изостанок" на менструација (каснење) и се вика „АМЕНОРЕА" и асоцира на одредени проблеми и болести на половите органи, често пати и поврзано со стресни ситуации и нервози а се смета дека не е нормално.

 

- ВОСПАЛЕНИЈА НА ЈАНИЦИТЕ И ЈАЈЦЕВОДИТЕ - Воспаленијата на јајцеводите и јајниците најчесто се бактериолошки инфективни процеси од кои се зафаќаат и јајниците и јајцеводите. Се јавува најчесто после абортуси, породувања, менструација, настинки, проблеми со органите на мокрачниот систем и слично. Може да биде АКУТНО И ХРОНИЧНО. Кај акутното воспаление се чувствува болка во пределот на јајниците, треска, температура, а трае неколку денови ако тоа не се реши преминува во Хронично заболување. Кај ова заболување често отсуствува температурата но е забележливо на лицето на жената. Воспаленијата често пати може да се пренесат и на мокрачниот систем (уретри, бубрези) и да направат поголеми проблеми (Цистит). Нерешавањето на воспаленијата често пати може да се база за други потешки заболувања како што се ЦИСТИ, ТУМОРИ, ПОЛИПИ и други потешки заболувања. ЦИСТИТЕ на јајниците и јајцеводите се честа појава и болест на овие органи. Тоа се творевини чија течност е заразна и чија големина може да се мери со сантиметри (должина и ширина) и килограми (тежина).

- ВОСПАЛЕНИЕ НА МАТЕРИЦА - Воспаленијата на матката се воспалителните процеси на СЛУЗНИЦАТА на матката и ткивото под неа, а причинители се најчесто- бактериите, вируси, габи и слично. Најчесто тоа доаѓа како резултат на нарушување на одбрамбениот механизам и „киселоста" на средината на матката, која станува „базична" а se јавува како последица на менструација, абортуси, раѓања, неодржување хигиена, употреба на антибиотици и други болести (шеќер), туѓи тела, контрацепции, менување на „партнери", најчести знаци се „чешливоста", смрдлив исцедок, белите прања, печење, болки, температура и слично. Често пати оваа е основа и за други болести потешки како што се: воспаленија на околните ткива, ранички (фиброми) превртена или искривена матка, полипи, туморозни состојби и малигни болести.

- СТЕРИЛИТЕТ- Е неможност поради повеќе причини да се забремени, мегу кои најчесто е „нарушувањето на овулацијата", непроодност на јајцеводите, неквалитетни јајцеви клетки, хормонски и хромозомски проблеми, прележани тешки болести, полови болести, алкохолизам, цирози, шеќерна болест и слично.

- БОЛЕСТИ НА ДОЈКАТА - Најчести се воспаление на млечните жлезди – МАСТИТИС - пропратено со болка, црвенило треска, температури и слично. ПОВРЕДА НА БРАДАВИЦАТА - се добива најчесто при доењето, проследено со крварење, болка.

- НЕДОВОЛНО ЛАЧЕЊЕ НА МЛЕКО е најчесто последица на маститисот, стресови. ГАЛАКТОРЕА е појава на самотечење на млеко, која може да биде предизвикано од други болести, стресови и слично.

- КЛИМАКТЕРИУМ- Е преодниот период во животот на жената кога се гаси активноста на јајниците и престанува појавата на менструацијата (МЕНОПАУЗА). Се јавува измеѓу 40 и 50 - тта година од животот, често пати проследенo со многу проблеми и болести, се манифестира со појава на црвенило на лицето, вратот и градите, чувство на топлина, потење, несоница, главоболки, замор, слаба концентрација, депресија, остеопорози, исхемии, тромбози, нервози и слично. Основниот белег при климаксот е гаснење на функцијата на лачењето на јајниците на хормоните кои се задолжени за одбраната на организмот. Тоа се 4 поважни хормони меѓу кои и ЕСТРОГЕНОТ и прогестеронот чие нелачење е поврзано со повеќе видови на болести што се јавуваат во овој период. Нелачењето на овие хормони често доведува до: намалена дебелина на матката и нејзината слузница, сув и тенок епител на вагината и смалена циркулација на крв во тој дел, губење на цврстината и елстичноста на градите, промени во смисла на мастоцитози, грутки, пигментацијата, брадавиците, намалена густина и опаѓање на косата, зголемување на масните наслаги (дебелеење) артериосклерози, можност од инфаркти и изливи, жолто бледа боја, појава на брчки и млитавост, зголемена длакавост на места каде нетреба, губење на женственоста, незаинтерeсiраност за секс, болки, и слично.

Симптомите се изразени преку зачестени јадежи (прутитус) на вулвата, зачестени крварења, бели прања со зачестени бактерии, болни и непријатни сексуални односи, ранички на грлото или дното на матката, зачестени мокрења, tахикардии, аритмии, замастувања на црниот дроб, камења во жолчката и слично. Често пати за да се прикријаат природните процеси се избират погрешни чекори-прељуби, менување на партнерите, земање на јаки антидепресиви, алкохолизам и други настрани и непожелни работи. Поради стравот често пати се применуваат и погрешни методи на решавање на проблемите со што се доведува во уште полоши состојби и проблеми.

Види овеќе упатство за женски заболувања

За користење на производите начин на припрема види упатство за припрема

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK