Празна кошничка
urinomiks
УРИНО-МИКС
200,00 ден
med_
Медовина
300,00 ден

Болести на органите за мокрење

Бубрезите, заедно со уретрите, бешиката, го образуваат мокрачниот систем, чии функции и улога се доста значајни за организмот. Низ мокрачниот систем за 24 сати, поминуваат 1.500 литра крв во нормални услови од кои(кај бубрезите) се излачуваат 1 до 1,5 литра мокрача со која низ процесите на примарна и секундарна урина се врши лачење и исфрлање на штетните материи и отрови од организмот како и одвишната вода. Овие органи поради функциите кои ги вршат и постојаната присутност на штетните материи и отрови, се често пати склони на разни заболувања и болести, и тоа најчесто изразени со јаки и силни болки (напади) или пак без никакви болки (подмукли болести-како што е инсуфициенцијата).

 

БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА

Kidneys diseasesРешливи се во целост со чаеви и чајни комбинации, резултатите се видни после 3-14 дена од приемот на чаевите, a натамошното лекување е безболно. Може да се исфрлат и поголеми камчиња во бубрезите со нивно топење со чајни комбинации. Кога се рeшаваат проблемите на бубрезите се избегнува рецидивноста на овие заболувања pri што се решаваат и причините кои ги создале овие заболувања.

Доколку камчињата се помалечки во консултации со треварот може да се исфрлат и за 24 часа. Но за овие методи само во консултации со треварот.

Најчести болести кои се јавуваат на бубрезите се:

заболувања на мочни патишта, мочни канали, кристали, воспаленија на бубрезите, уретри, бешика, проблеми со мокрење, проблеми со мочните патишта, воспаленија на мочни патишта, простата, камен во бубрези, песок во бубрези, ноќно мокрење, инсуфициенција на бубрези, зголемен креатинин , мокрачна киселина (песок во бубрези, бубрежен камен, воспаленија, талог)

Болестите на органите за мокрење се поделени на болести на бубрезите, ноќно мокрење, болести ма мочните патишта, болести на простата, Цисти, тумор, рак и бубрезна инсуфициенција.

- БОЛЕСТИ НА МОКРАЧНИОТ СИСТЕМ: албумен во мокрачата, колики, остар и хроничен гломеронефрит, нефролитијаза (песок и камен), пиелит, анурија, хидронефроза, пионефроза, апцес, подвижен и спуштен бубрег, цистит (бешика), задршка на мокрачата, парализа на мочниот меур, крвомочање, песок и камен во бешика, зголемување на простата, подмочување, бело прање, цисти и воспаленија на јајниците , туморски формации и слично.caj za bolesti na organi za mokrenje

 БОЛЕСТИ НА БУБРЕЗИТЕ - болестите на бубрезите се делат на воспалителни НЕФРИТИС и невоспалителни

НЕФРОЗИ.

- Бубрезите, заедно со уретрите, бешиката, простата, јајцеводите и јајниците, го образуваат мокрачниот систем, чии функции и улога се доста значајни за организмот. Низ мокрачниот систем за 24 сати, поминуваат 1.500 литра крв во нормални услови од кои(кај бубрезите) се излачуваат 1 до 1,5 литра мокрача со која низ процесите на примарна и секундарна урина се врши лачење и исфрлање на штетните материи и отрови од организмот како и одвишната вода. Овие органи поради функциите кои ги вршат и постојаната присутност на штетните материи и отрови, се често пати склони на разни заболувања и болести, и тоа најчесто изразени со јаки и силни болки (напади) или пак без никакви болки (подмукли болести-како што е инсуфициенцијата).

- НЕФРИТИС- е воспаление на бубрежното ткиво кое најчесто е последица на воспалението на грлото, крајниците, грклан, Шарлах и други заразни болести. Може да биде акутен и хроничен. Општите симптоми се блага отеченост или чувство на отеченост на лицето, рацете, зголемен крвен притисок, обично абдоменалниот (нискиот) крв во мокрачата и други симптоми. Овие болести може да доведат до посериозни бубрежни оштетувања.

- Нефрозa - е невоспалително бубрежно заболување, кое најчесто настанува како последица на труење на организмот со тешки метали-отрови, од лекарства, труење со жива или арсен, отрови од исхраната и пиење на жестоки пијалаци. При нефроза, болниот има изразени отоци и зголемена количина на белковини во мокрачата, протеини, албумен, зголемена седиментација и слично.

- Болест кога во бубрезите има присутно талози песок и камен. Причини за овие болести се нарушување во размена на материите (метаболизмот), инфекции на мочните патишта и органи, застој на мокрачата (хидронефроза), консумирање на еднолична храна, хормонални пореметувања во организамот, нервози, стресови, пиење на вода со многу варовник, развој на леукемични состојби и слично. Камења, каменчиња, камчиња во бубрезите најчесто се создаваат во средната животна возраст и се присутни повеќе кај мажите отколку кај жените. Составот на каменчињата може да биде органски каде основата е холестерол и беланчевините и неоргански, каде основата се урати, фосфати карбонати и сл. Најчесто се мешани состави на пример калциум карбонат и амониум урат и сл. Може да се лоцирани во горна, средна или долна група на чашките или на влезот на уретерот во самиот уретер и најчесто на последната кривина на уретерот пред влезот во бешиката при помрднување се добива „напад" изразен со јаки болки, повраќање, гадење, треска, крв во мокрачата и сл.

- НОЌНО МОКРЕЊЕ - е несвесно или неволно испуштање на мокрачата, се смета за ненормална појава после петта година од животот. Најчесто е последица на органски заболувања на органите за мокрење или психолошко од страв од родителот (посебно таткото).

БОЛЕСТИ НА МОЧНИТЕ ПАТИШТА И МОЧНИОТ МЕУР (БЕШИКАТА) најчесто се бактериолошки воспалителни болести како последица на бубрежни или други заболувања, со силни болки во крстот - половините, печење и лутење при мокрењето, крв во мокрачата, зачестени мокрења, лажни нагони за мокрење, температури, треска, грозница и слично.

ВОСПАЛЕНИЈА, ПРОШИРЕНА (ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА) е заболување од воспалителен или бактериолошки вид, како последица на други заболувања или како посебно заболување, обично е старачка и машка болест.

ЦИСТИ, ТУМОРИ И РАК НА ОРГАНИТЕ ЗА МОКРЕЊЕ, БЕШИКАТА И ПРОСТАТА - спаѓаат во групата на тешки заболувања чие лечење е макотрпно, сложено, тешко и подолготрајно.

БУБРЕЖНА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА (НЕФРОСКЛЕРОЗА) е тешко бубрежно заболување чие лечење е долготрајно и сложено причините се недоволно разјаснети, а е процес на труење на паренхимот на бубрезите, и намалување и откажување на нивната работа и функција. Се изразува како неболно, каде седиментацијата е и троцифрена а УРЕАТА, КРЕАТИНИНОТ И МОЧНАТА КИСЕЛИНА (МОКРАЧНА КИСЕЛИНА) се со прилично високи вредности, често пати и со пореметени ензимски референтни вредности како и високи ТРАНСАМИНАЗИ.

Види повеќе Упатство за лекување на бубрежни заболувања

За припрема на чаевите види упатство за припрема за сите заболувања

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK