Празна кошничка
femimiks
ФЕМИ-МИКС
200,00 ден
med_
Медовина
300,00 ден
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден

Кожни заболувања

Кожни заболувања Псоријаза (Psoriasis Vulgaris) i Витилиго (Vitiligo)

ПСОРИЈАЗА (Psoriasis Vulgaris)

Psoriasis vulgaris - Псоријаза вулгарис е хронички генетски детерминисана папулосквамозна дерматоза, клинички и хистолошки добро дефинирана а етиолошки и патолошки сеуште не расветлена. Псоријазата е една од најчестите дерматози чиј процент изнесува 5%. Се смета дека од 3% до 5 % од човештвото боледува од псоријаза. Зборот „псоријаза" доаѓа од грчкиот збор „псора" што значи фини, меки лоспи. Покрај кожата псоријазата често ги зафаќа и ноктите.

 

psoriasis Vulgaris 1Етиологија и патогенеза - псоријазата досега научно и медицински не е расветлена. Единствено што може со сигурност да се тврди е дека псоријазата е хередитарно заболување каде е докажано генетското условено пореметување на функцијата на кожата. Докажано е дека псоријазата се наследува аутосомално доминантно, правилно или неправилно со варирања од 20% до 60 %. Не се наследува болеста туку предиспозициите за псоријазна реакција, или псоријазниот терен, а за да дојде до клиничка манифестација на болеста потребно е да се исполнат и некои други услови - односно провоцирачките фактори, внатрешни или надворешни (пример - стресни состојби, испореметен метаболизам, фокални инфекции, разни органски и неоргански или функционални пореметувања, хормонални пореметувања и други заболувања, како и други надворешни штетни фактори - хемикалии, отрови и слично). Тоа значи дека иако се наследува предиспозицијата за псоријазата ако нема провоцирачки фактори, таа може да остане латентна (скриена) цел живот, односно да не се појави како кожна манифестација.

Фамилијарното наследување може да се случи од 5% до 90 %. Ако е оболен само едниот родител наследноста е со процент од 30% ако двата родители имаат псоријаза наследноста е до 70 %. Во основа псоријазата се дели на ДВА ВИДА во однос на наследноста и тоа: Генотипска и Фенотипска.

Генотипската Псоријаза е наследна али може да остане како латентна, додека Фенотипската е наследна и кожно се манифестира доколку се прифатат провоцирачките фактори.

Се знае дека кај псоријазата се работи за патолошки реакции на кожата на разни трауми, пореметувања на метаболизамот на епидермалните клетки или ензимските односи во нив, така да место обично стварање на корнеалниот слој, бројот на митозите во ними се зголемува за десет и повеќе пати и наместо клетките да траат 30 денови, траат само 4 дена поради што доаѓа да формирање на таканаречени *лоспи* и задебелување на кожата. Со други зборови станува збор за пореметување на пролиферационата кинетика нa епидермалните клетки.

Према инфективната теорија се смета дека псоријазата е последица на заболувања од разни вируси, бактерии, габи и сл. Меѓутоа се смета дека се тоа само провоцирачки -фактори. Ако би било така псоријазата би се лечела со разни масти и креми. Некој автори сметаат дека е пореметен системот на метаболизамот на вкупните липиди, холестеролот и фосфолипидите во организмот како и биохемиски пореметувања во епидермалните клетки, како и метаболизамот со јаглените хидрати и посебно мастите во организмот.

Докажано е дека постои поголемо пореметување на биохемиските процеси во епидермалните клетки, како што е зголемена синтеза на протеините, посебно на ДНК, ензимските протеини, гликолитички ензими, како и зголеменост на оксидационите процеси, но сето тоа не се смета како специфично.psoriasis vulgaris 2 custom

Се смета дека псоријазата е и ПСИХОСОМАТСКО заболување, што има и одредено оправдување ако се земе во предвид дека самата болест може да доведе до неуровегетативна лабилност (естетиката, комплексите од нелечливоста, стравот од зараза и сл.)

Ендокрините пореметувања (хормоналните) се исто така еден предуслов за постоењето на псоријазата. Нарочито се нагласуваат пореметувањата на функцијата на овариумот, тимусот, хипофизата, и надбубрежната жлезда а во одредени случаи и јајниците, хормонални пореметувања посебно кај естрогенот, прогестеронот, тироксинот, кортизонот и сл.

Исто така псоријазата спаѓа во групата на „автоимуните заболувања", преку наследните особености моќ за сопствено ништење на одбраната од сопствениот организам, по грешка и несвесно. Од сите научни искажувања сепак се доаѓа до единствени заклучоци, дека повеќе се фактори за псоријазата за кои се согласуваат повеќе научници а тоа се дека:

Псоријазата е „семисиндром" каде како постојан фактор е наследноста (генетскиот фактор) и други варијабилни фактори кои ја потикнуваат развојот на псоријазата и овозможуваат од латентна да стане видлива. Меѓу нив се хормоналните пореметувања и провоцирачките фактори а тоа се - хормонални пореметувања, пореметување на метаболизамот, инфекции на разни органи, нервни пореметувања, фокални инфекции и разни надворешни фактори.

Клиничка слика на псоријазата во типични случаеви е прилично карактеристична. Основните лезии се состојат од еритема, или слабо инфилтрирани појави (папула) покриени со суви, сребренасто бели лоспи - првут. Промените се во најразличен облик и големина но остро ограничени. Лоспите може да бидат и со жолтеникава боја, слабо се атхерентни - меки. За псоријазата е карактеристичен уште еден феномен таканаречен феномен на „крвава роса" тоа е кога псоријазата целосно ќе се исчисти со стружење, се забележува точкесто крварење, кое е израз на папиломатозите по што може псоријазата точно да се дијагностицира. Најчесто зафатени места од псоријаза се екстензорните страни на екстремитетите, лактите, колената, косматите делови и сакралните и перианалните делови.

Во основа се разликуваат два типа на псоријаза: хронично- статички (почесто) и еруптивно егзантемски (поретко).

Према големината, обликот, проширеноста, морфолошкиот изглед, псоријазата може да биде:

psoriasis punctata - псориазис пунктата – флеките се многу малечки колку зрно пченица

psoriasis guttata - псориазис гуттата – флеките се големи колку капки од роса.

psoriasis nummularis - псориазис нуммуларис – каде флеките се големи колку ковани пари.

psoriasis inplacibus - псориазис инплацибус – со големи флеки и лезии во форма на плочи и со широка зафатеност на кожата.

anularni i circinarni psoriasis - ануларни и цирцинарни псориазис – каде се формираат лезии или плаки од најразличен вид.

psоriаsis geographica - псориазис географика – каде лезиите се како географска карта.

psоriаsis eritrodermithis - псориазис еритродермитхис – е еден од потешките видови на псоријаза.

psoriasis inversa - псориазис инверса – се локализира на интернтригиналните делови и флексорнитестрани на екстремитетите и гениталиите со црвени глатни и сјајни површини кои често се влажни мацерирани со фисури и красти.

psoraisis inveterata - псориазис инветерата- застарена псоријаза со остро ограничени промени на лактите и колената.

psoriasis capiliti - псориазис капилити – го зафаќа окосмениот дел на главата со дебели наслаги на суви лоспи кај оваа псоријаза косата никогаш не паѓа.

psoriasis palmoplantaris - псориазис палмоплантарис – тоа е псоријаза на длановите и табаните слична на егземата.

psoriasis unguium - псориазис унгуиум – тоа е псоријаза на ноктите.

psoriasis pustilosa - псориазис пустилоса – е поретка форма со видливи и стерилни пустули кои се придружници на некоја друга псоријаза.

psoriasis pustuloza generalisata - Псориаз пустулоза генералисата – се јавува на псоријатични жаришта најчесто предизвикано од арсен, кортикостероиди и сл. пратена е со зголемена температура и чешливост со промена на ноктите и зглобовите а може да биде и на дланките.

Psoriasis arthropathica - Псориазис артхропатхика – е доста честа форма на псоријаза се јавува во облик на отоци, болки во зглобовите, промени на ноктите придружена е со деформатни артритис нешто слично на реуматоиден артритис со висока температура и прилично болно.

Psoriaisis psoriasis erythrodermica - Псориазис Псориазис еритхродермика – е секундарна еритродермија, сува и ексфолијативна обично е псоледица на потешки заболувања на внатрешните органи.

Има и други врсти на лишаеви и други врсти на кожни болести кои се доста слични со псоријазата и чие детерминирање и дијагностицирање често пати е доста сложено. Горенаведеното е од аспект на современата медицина и нејзините гледишта по однос на псоријаза вулгарис, КОЈА ЗА традиционалната МЕДИЦИНАТА Е НЕЛЕЧЛИВА БОЛЕСТ, но не и за алтернативата. Наведените кожни заболувања се лекуваат со помош на чаеви и чајни комбинации, масти и премази, и комплет терапија со посебен режим на исхрана. Повеќе информации за начинот за лекување видете во Упатство за лекување кожни заболувања.

VITILIGO (ВИТИЛИГО)

VITILIGO – (ВИТИЛИГО Кожно заболување)

Витилиго е пореметуванја на кожата, заболување кое произлегува од неправилна распределба на меланин во епидермусот и кориумот.

Сите пореметувања на седиментацијата се нарекуваат дискромија, koja се дели на меланинска и немеланинска. Бојата на кожата пигментацијата и нејзиниот колорит зависат од неколку фактори:

Прво - количината и распределбата на меланинот во епидермусот и кориумот.

Второ - функционалната состојба на крвните садови, нивниот број калибражата и исполнетоста.

Трето - од дебелината на ржнатиот слој.

Автохтони компоненти кои се присутни во кожата и кои се значајни за нејзината боја се:

1. меланинонот

2. хемоглобинот и оксихемоглобин

3. каротиноиди (липокроми)

Од сите аномалии на пигментацијата најчести се оние кои настануваат поради зголемена или смалена количина на меланин во епидермусот или кориумот. Ако е зголемен меланинот се зборува за меланодермија или меланоза и зависи од тоа во кој слој на кожата е сместен меланинот (тоа се разни бенки со најразлични бои и големини од црвено смеѓи, жолто смеѓи, црни, сивкасто смеѓи и сл.). Кај хипопигментациите имаме зголемено присуство на меланин додека кај депигментацијата имаме намалено присуство на меланин каде кожата на тие места е бела. Кај леукодермиите има потполн недостаток на меланин.

Кај меланодермиите имаме појава на разни пигменти флеки или белези од нив позначајни се лентигото и лентигинозата (пеги во големина на леќа) се јавува во три вида лентигосимплекс, лентигосениликс и лентигомалигна (меланосис). Може да се сретнат секаде на телото и без лекарски совет не смее да се третираат со никакви масти или слично. Како најчеста појава пеги на лицето се таканаречените CHLOASMA (Меласма) кои се јавуваат најчесто за време на менопаузата и како старачки пеги и израстоци. Често пати пигментациите и израстоците на кожата се врзани со присуството и неприсуството на меланинот изложеноста на сончевите зраци, хормонални пореметувања и други полесни или потешки заболувања на други органи. Поизразити односно позачестени се таканаречените ЛЕУКОДЕРМИИ кои во основа се делат на стекнати и наследни. По позната наследна леукодермија која се јавува од раѓањето е е Албинизмот Албинизам (бела коса). А како најчеста стекната леукодермија е ВИТИЛИГО.

ВИТИЛИГО – (ВИТИЛИГО)

Витилиго, Телечак Телечак, е најчеста и најпозната стекната леудоермија леукодермија (се смета дека 1 до 2 % ја има човештвото) а поради хиперпигментацијата на краевити на витилигото се вбројувa во групата нa леукомеланодермии, витилигото е уништен меланоцит во епидермусот поради што целосно се губи пигментацијата и на тие места кожата е потполно бела и најчесто оивичена и се разликува од нормалната кожа. Најчесто има округла форма а може да се јави и во различни форми на одредени делови или преку целото тело. Се смета дека една од причините за појава на витилигото е смалена активност на тирозиназите. Најчесто на завршетокот на периферните нерви се создава слична компонента на мелатонин која ја кочи меланогенезата со што не постои можност за стварање на меланоцитот која е една од компонентите за пигментацијата. Инхибицијата на меланогенезата може да е последица и на разни инфекции најчесто на други позначајни органи или системи во организмот како што се црнодробни болести, болести на бубрезите, стомачниот систем и сл. Витилигото се смета и како автоимуно заболување кадешто сопствениот имунолошки систем се ништи самиот себеси и опаѓа одбрамбената состојба на организмот тогаш кога е најпотребно. Витилигото не многу често може да е комбинирано со алопеција ареата дијабетес мелитус, заболување на штитната жлезда, пернициозна анемија, атрофичен гастритис и сл. Често пати Витилигото е поврзано со заболување на тироидната жлезда, хормонални пореметувања и потешки заболувања на желудникот и стомачниот систем (улцерации, колитиси, тумори ) во повеќе случаеви стресните ситуации физичките и психичките стресови долготрајни нервози, неуростении, преосетливост, сентименталност може да се едни од причините кои повлекуваат настанок на витилигото.

Најчесто се појавува само на кожата каде се гледа помал или поголем број на симетрични распоредени бели конвексни жаришта кои во почетокот се појавуваат како точкици потoа како леќа па како железна пара и поголеми. По конфлуенцијата и развојот на истата Витилигото може да го зафати целото тело односно целата кожа што претставува основа за лепење на други кожни инфекции и болести. На периферните делови или жаришта зачестена е хиперпигментацијата со различен интензитет. Најчесто Витилигото се јавува на надворешната страна на рацете, подлактиците, лицето и вратот, капаците на очите и на скриените подрачја на телото (подмишниците, околу гениталиите, на дојките и на други места). Народски Витилигото може да го има во следните три форми

1. Неправилни точки (Точкасто Витилиго)

2. Правилни округли точки со различна големина (Парично Витилиго)

3. Целото тело со разни форми и големини (Целосно Витилиго)

vitiligoСтепеновано е на седум групи и тоа од прва до трета група го има на очите рацете и колениците од трета до петта група го има на повеќе места и на седма група зафатено е на целото тело.

Може да биде и хронично витилиго обично се засилува и проширува на прелазите на годишните времиња април, мај и септември, октомври. Поочигледно е во летниот период кога поради сунчањето здравата кожа потемнува а Витилигото може да поцрвене и пече. Влакната во подрачје на Витилигото стануваат бели. Често пати се јавува само на ограничени места на пример во косата со праменови на бела коса, познато е како ПОЛИОСИС ЦИРЦУМСЦРИПТА (poliosis circumscripta). Појавата на Витилигото започнува во пораните години. Во 25 % случаеви е фамилијарно и наследно, често пати може да се носи цел живот и да нема некој поголем одраз на останатата здравствен состојба. Се засилува најчесто за време на менопаузата. Витилигото е медицински нелечлива болест, но со методите на Алетрнативната медицина лечливо е со процент од 60 до 80 % доколку се започне порано лечење односно од прва до трета група процентот на лечливост е поголем. Современата медицина дава стандардна терапија која се состои во земање на орален меладинин (трисорален и сл.) сончање со ултравиолетови зраци и одреден вид на масти. Препорачливо при лечењето го препорачува и современата медицина Витамин Ц и Витамин Б 12. Често пати Витилигото може да биде последица на разни ТЕТОВАЖИ, со што се оштетува пигментацијата и може така и да остане и после 50 тата годинa од животот.

АЛБИНИЗАМ НАЕВУС АНАЕМИЦУС и НАЕВУС ДЕПИГМЕНТОСУС се нелечлив тип на Витилиго и се јавуваат веднаш после раѓањето. Лечењето на овие форми е многу тешко и скоро  нерешливо.

1. За лекување види повеќе во Упатство за псоријаза

2. и упатство за витилиго

За користење на производите начин на припрема види упатство за припрема

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK