|
(Urtica dioica)
Распространетост: Низ целата држава, на високи и влажни места.
Дрога: Се користат млади пресни исушени лисја (urtica folia), поретко корен (urtica radix)
Поважни дејства: хемостатично, адстрингентно, роборантно и диуретично.
Употреба: Ја подобрува крвната слика, го намалува шекерот.Чајот од коприва го подобрува метаболизмот на мастите, шекерите и белковините. Помага при леукемија и поради кверцитинот влијае и антиканцерогено. Здрава е и диетална храна која го јакне метаболизмот и ја чисти крвта.
Приготвување:
10 гр.дрога иситнета врие 5 мин.со 200 мл.вода и треба да отстои 1час покриен пред употреба. Се пие 2-3 чаши на ден.
Тинктура:
20 гр.иситнети лисја се прекриваат со 100 мл. јака ракија,шишето стои 7 дена на собна температура сочести протресувања,Се филтрира и се пие по 2 чајни лажици дневно возасладена вода или овошен сок.
Пакување:100 гр
|